“Ваша Екселенцијо,
почитуван господин
Претседател,
Како што
знаете, Руската Православна Црква неодложно се зазема за тоа, што
спорните прашања, кои постојат меѓу Православната Црква во Република
Македонија и Српската Православна Црква, да се решат по пат на мирен и
заемнопочитувачки дијалог, заснован на светите канони на Црквата.
Согласно со желбите, кои беа искажани од Вашата Екселенција на средбата
во Москва, ние не еднаш внесувавме разни предлози за развој на таков
дијалог, настапувајќи меѓу нашите претставници во контактите со
македонската, а исто така и со српската страна. И во услови на крајно
заострување на противречностите, за тоа за што се работи, за жал, во
последно време, ние на престанавме да предлагаме иницијативи, усмерени
на помирување. Ние исто така се трудевме да го овозможиме понатамошниот
развој на повеќевековните духовни и културни врски кои постојат меѓу
братските, славјански народи на Македонија и Русија, како и на другите
земји, духовно сврзани со Московскиот Патријарх.
Уверен сум, дека
можностите од процесот на преговори не се исцрпени, каква и да е сложена
настанатата ситуација. Алтернатива на дијалогот нема, иако за решавање
на проблемот кој се насобрал за децении, неопходно е време и трпение.
Сметам за крајно
важно во најмала мера да не се создаваат нови непремостиви препреки за
дијалог и заедничко разбирање.
Денеска таква нова
и многу сериозна препрека стана затворањето на владиката Јован
(Вранишковски) – македонски граѓанин и православен архиереј, кој работи
како епископ во Српската Православна Црква. Од запознавањето со
објавените материјали се создава впечаток, дека основа за неговото
осудување, за лишење од слобода, се појавуваат само ненасилни дејствија,
кој произлегуваат од религиозни убедувања. Како и да ја оценуваме таа
позиција, која ја зазел владиката Јован во однос на Македонската
православна црква, несомено, сите разлики во оваа област можат да бидат
решени само по црковен пат, а не со посредство на мешање на државните
лица во судските органи.
Почитуван господин
Претседател!
Руската Православна
Црква, од своја страна, нема намера да се меша во внатрешните работи на
македонската држава и нејзините институции на власта. Во исто време,
раководејќи се со искрена љубов кон едноверниот македонски народ и
желбата за негов развој имам долг да го свртам Вашето внимание на
неизбежните последици од ситуацијата, која е направена во врска со
затворањето на владиката Јован. Продолжување на меѓуцрковниот дијалог
практично стана невозможно, како и посредничката помош на другите
Православни Цркви. Се заострија српско-македонските односи во
меѓународниот аспект. Се забележува пораст на антимакедонското
расположение во делови на српското општество. Аналогичен процес е
забележан и во Република Македонија. Земјата е подвргната на критики од
страна на меѓународни организации. И сето ова се случува тогаш, кога
сите православни народи на Балканот, на сите жители во регионот им е
потребен мир и стабилност.
Имајќи го предвид
погоре изложеното и земајќи ја предвид хуманоста, ја молам Вашата
Екселенција да најде можност повторно да се разгледа делото на владиката
Јован и да се ослободи од затвор согласно со Уставот на Република
Македонија и важечките норми на меѓународното право.
Ја користам оваа
прилика, Ви посакувам Ваша Екселенциојо, на Вашите соработници и целиот
братски македонски народ, мир, благосостојба и Божја помош.
Со уважување
ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА ЦЕЛА
РУСИЈА“
-------------------