До
Собранието на Република Македонија
Врз основа на член
92, став 3 од Уставот на Република Македонија и член 219, став 1 од
Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, поднесуваме
барање за гласање
ДОВЕРБА
на
Владата на Република Македонија
Во прилог Ви го
доставуваме образложението, по повод барањето за гласање доверба на
Владата на Република Македонија и потписите на пратениците кои го
поднесуваат барањето.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Економскиот,
социјалниот, безбедносниот и политичкиот колапс во кој се наоѓа
Република Македонија како резултат на лошата политика на македонската
Влада, е состојба во која, во континуитет се наоѓа нашата држава по 15
септември 2002 година.
Имено, за
неспособноста на владината коалиција составена од СДСМ, ЛДП и ДУИ, беше
укажано и со претходната поднесена Доверба на Владата пред македонското
Собрание, за да денес имаме потврдување на нивната неспособност и крајно
штетно работење за државата што секојдневно се потврдува со постапките
на министрите во владата и одлуките кои ги носат.
Надворешната
политика, и инфериорната позиција која ја има Република Македонија во
рамките на процесот на постигнување членство во ЕУ и НАТО, создаде лажна
атмосфера и манипулација со македонските граѓани, предизвика општа штета
и жал, често и ситуации за потсмев.
Неодговорното
манипулирање со граѓаните дека Република Македонија само што не станала
членка на ЕУ и НАТО, а се само со единствена цел, покривање на својата
неспособност и недостиг на резултати од јавен интерес, е во спротивност
од одамна прокламираните стратешки интереси на земјава, која одамна ја
направија заложник, а со заложници не се преговара, за нив се преговара.
Последните изјави
од страна на меѓународната заедница дека до 2008 година нема ништо од
покана за проширување на НАТО, ги урна сите лажни слики дека 2006 година
е дефинитивниот момент кога Република Македонија ќе ја добие поканата за
НАТО.
Сето ова ако се
надоврзе на праксата дека најнапред членство во НАТО, а потоа членство
во ЕУ, доволно говори дека и овој процес не само што стои во место, туку
ја уназадува позицијата на Република Македонија во преговорите со
Унијата.
Впрочем и минатата
година претседателот на Европската Комисија Баросо, изјави дека до 2010
година нема ништо од проширување на Унијата освен потврдување на
членството со оние кои го имаа стекнато статусот кандидати, а останаа
уште Романија и Бугарија.
Од тука,
наративниот пристап на вицепремиерот Р. Шекеринска станува уште една
лоша приказна во низата од функционирањето на оваа Влада.
Безбедносната
состојба во државата, наједноставно се отсликува преку она што
секојдневно го гледаме и слушаме за тоа што се случува на македонските
граници, секојдневните убиства и самоубиства, зголемениот број на
грабежи и насилство, до упади по судовите, едноставно, Република
Македонија во овој момент е едно од најнебезбедните места за живеење во
Европа.
Случајот Красниќи,
е само потврда дека државата нема контрола врз безбедносната состојба на
територијата на Република Македонија, дека правната држава не
функционира, а таму каде што има обиди да се наметне функционирање на
правото, тоа се прави врз селективен пристап.
Состојбата во
македонските затвори, покрај лошите услови во самите затвори, како
главна карактеристика се издвојува со фактот дека од македонските
затвори може буквално да излезе секој затвореник. Се разбира, овие
организирани случаи, сигурно не можат да поминат и без активна
партиципација на структури од министерството за Правда и партиските
партиципиенти во владината коалиција.
За состојбата во
здравството може да се истакне само едно, а тоа е дека ние немаме
здравство, не постои систем на здравствено осигурување.
Во рамките на
образовниот процес и функционирањето на овој владин ресор во
континуитет, постои состојба на свесно водена политика против интересите
на македонската држава и македонскиот народ.
Со појавувањето на
новите учебници по историја за оваа учебна година, македонскиот
идентитет се уништува, со сесрдна поддршка од државата, која пак е со
недефиниран статус и носители на државноста.
Земјоделството,
како ресор во оваа влада го води министерот во сенка, а тоа е премиерот
Бучковски, бидејќи од актуелниот министер за земјоделство, шумарство и
водостопанство нема ниту трага ниту глас. Така во ваква ситуација,
премиерот разговара и се пазари со, лозарите, мелничарите, тутунарите,
и.т.н.
Во сферата на
градежништвото, неспособноста на владата доведе до ситуација да
македонската градежна оператива се најде во втор план и инфериорна
позиција во однос на извршување градежни работи во нашата држава. Имено
главните градежни работи се дадени на странски фирми, пример
заобиколницата околу Скопје.
Почитувани
пратеници, на оваа агонија мора да и се стави крај на овој или на оној
начин, оваа елементарна катастрофа мора да заврши сега, во интерес на
нашата земја и граѓани.
--------------------
Барањето
за гласање Доверба на Владата на Република Македонија е потпишано од 25
пратеници од Собранието на Република Македонија:
1.
Љубчо Георгиевски
2.
Чедомир Краљевски
3.
Спиро Мавровски
4.
Љупчо Балкоски
5.
Ѓорѓи Оровчанец
6.
Жарко Караџоски
7.
Марија Којзеклиска
8.
Ѓорѓи Трендафилов
9.
Ристо Пејоски
10.
Блаже Стојаноски
11.
Слободан Чашуле
12.
Драго Шајновски
13.
Силвана Бонева
14.
Ѓорѓе Паљошковски
15.
Александар Флоровски
16.
Ефтим Манев
17.
Михајло Георгиевски
18.
Илија Китаноски
19.
Марјан Ѓорчев
20.
Илија Србиновски
21.
Ванчо Стаменков
22.
Аднан Ќахил
23.
Милка Митковска
24.
Ристана Лалчевска
25.
Сашо Богданоски
_____________________