Почитувани,
Советот за
безбедност на Република Македонија, денеска (15.07.2005), одржа
седница на која се расправаше за политичко безбедносната ситуација во
Република Македонија и за состојбите во регионот, во пресрет на
преговорите за решавање на статусот на Косово.
На
седницата се оцени дека вкупната безбедносна состојба во Република
Македонија е стабилна и во овој момент не постојат сериозни закани за
нејзина дестабилизација и загрозување не територијалниот интегритет и
суверенитет.
Членовите
на Советот за безбедност, од страна на министерот за внатрешни работи
без информирани за вкупните активности на Министерството, кои во
последниве месеци придонесоа да се намали стапката на вкупниот
криминалитет во државата, а со тоа и да се подобри безбедноста на сите
граѓани на Република Македонија.
Во тој
контекст беше информирано и за делувањето на вооружени поединци и
групи, со посебен осврт на состојбата во Кондово. Притоа, Советот за
безбедност констатира дека се работи за активности со криминална
позадина, на лица познати сторители на кривични дела, при што се
направени обиди за нивна политичка злоупотреба од страна на некои
политички субјекти.
Со оглед
на фактот дека се работи за лица со криминално минато, а за дел од нив
има и правосилни судски одлуки, Советот за безбедност заклучи
Министерството за внатрешни работи да ги примени сите неопходни мерки
од своја надлежност, со цел овие лица да бидат изведени пред лицето на
правдата.
На
седницата се разговараше и за состојбите во регионот, во пресрет на
преговорите за решавање на статусот на Косово.
-------------------