Претседател
на Собранието на Република Македонија,
д-р Љупчо Јордановски, с.р.
З А К
О Н
ЗА УПОТРЕБА НА ЗНАМИЊАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се
уредуваат правото и начинот на употреба на знамињата преку кои
заедниците во Република Македонија го изразуваат својот идентитет и
особеностите.
Член 2
Заедниците во
Република Македонија заради изразување на својот идентитет и
особеностите имаат право да употребуваат знаме.
Под знаме, во
смисла на став 1 од овој член, се подразбира знаме што заедниците го
избрале и го употребуваат како знаме за изразување на својот иднетитет
и особености.
Член 3
Заедниците во
Република Македонија, знамето со кое го изразуваат својот идентитет и
особеностите, го употребуваат во јавниот, службениот и приватниот
живот на начин утврден со овој закон.
II
УПОТРЕБА НА ЗНАМИЊАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ
1.
Употреба на знамињата на заедниците во јавниот и службениот живот
Член4
Во единицата на
локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата
и се мнозинство во таа единица на локалната самоуправа, постојано се
истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница.
Член 5
Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници
на заедницата и се мнозинство во таа единица на локалната самоуправа,
согласно со ченот 2 од овој закон, пред и во објектите на на државните
органи, јавните служби и правните лица основани од единицата на
локалната самоуправа, на улиците, плоштадите и другите инфраструктурни
објекти, покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето
на таа заедница:
-
во денови на државни и други празници на
Република Македонија утврдени со закон;
-
во денови на празници на заедниците;
-
во денови на општински и други празници
утврдени со одлука на советот на единицата на локалната самоуправа;
-
при пречек и испраќање на претседателот на
Република Македонија, претседателот на Собранието на Република
Македонија и претседателот и членовите на Владата на Република
Македонија и
-
при официјално доаѓање на претседател или
премиер на странска држава, како и на суверен или висок претставник на
меѓународната заедница.
Член 6
Во единицата на
локалната самоуправа во која живеат граѓани на заедницата и се
мнозинство во таа единица на локалната самоуправа, согласно со членот
2 од овој закон, доколку се истакне знамето на таа заедница, се
истакнува и знамето на Република Македонија:
-
при меѓународни средби, натпревари и други
собири (политички, научни, културно-уметнички, спортски и други) на
кои единицата на локалната самоуправа е организатор, учествува или е
презентирана во согласнот со правилата и практиката на одржувањето на
тие собири и
-
при прослави, свечености и други
политички, културни, спортски и слични манифестации кои се од значење
за единицата на локалната самоуправа.
Во
случаите од ставот 1 на овој член, знамињата се истакнуваат
истовремено пред и во објектите во кои се одржуваат средби,
натпревари, собири, прослави, свечености и манифестации.
2.
Употреба на знамињата на заедниците во приватниот живот
Член 7
Припадниците на
заедниците во Република Македонија знамето преку кое го изразуваат
својот идентитет и особеностите имаат право да го употребуваат во
приватниот живот и при одржувањето на културни, спортски и други
приредби што ги организираат припадниците на заедниците во Република
Македонија.
3.
Начин на истакнување на знамињата на заедниците
Член 8
Во единицата на
локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедниците,
а се мнозинство во таа единица на локалната самоуправа, знамето на
Република Македонија и знамето на таа заедница се истакнуваат на
следниот начин кога:
-
знамето на Република Македонија е
истакнато заедно со знамето на заедницата и знамето на единицата на
локалната самоуправа, знамето на Република Македонија се истакнува на
средината, додека знамето на заеницата е два метра надесно, гледано
однапред, а знамето на единицата на локалната самоуправа е два метра
налево од државното знаме;
-
знамето на Република Македонија е
истакнато заедно со знамето на заедницата, знамето на заедницата е
надесно, гледано однапред, од знамето на Република Македонија и
-
се истакнати повеќе од три знамиња,
знамето на Република Македонија ќе биде прво во редот.
Член 9
Советот на
единицата на локалната самоуправа донесува одлука со која го
определува надлежниот субјект за истакнување на знамињата согласно со
членовите 5 и 6 од овој закон.
III КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
Член 10
Со парична казна
од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице кое
постапува спротивно на одредбите од членовите 4 и 5 на овој закон.
За прекршокот од
ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 20.000 до 50.000
денари и одговорното лице во правното лице.
Член 11
Со парична казна
од 30.000 до 200.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице кое
постапува спротивно на одредбите на членот 6 на овој закон.
За прекршокот од
ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 10.000 до 30.000
денари и одговорното лице во правното лице.
Член 12
Со парична казна
од 20.000 до 150.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице кое
постапува спротивно на одредбите од членот 8 на овој закон.
За прекршокот од
ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 5.000 до 15.000
и одговорното лице во правното лице.
IV
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
Овој закон
влегува во сила осмиот ден од објавувањето во “Службен весник на
Република Македонија“.
______________________