Остроумниот Троцки
еднаш приметил дека до непријатности доаѓа тогаш кога во политиката,
како и во граматиката, почнуваат да се мешаат сегашното и идното
време. Треба да му се верува, со оглед дека и самиот Лав Давидович во
повеќе наврати целиот вџашен трчал пред рудата.
Идејата да се
изгради примерна европска куќа не е нова. Во првите проектанти на
општоевропската куќа спаѓа дури и рускиот цар Александар Први. Додуша,
тој во таа област не може да се споредува со Колумбо. Некаква
заедничка зграда за Европа се обидел да изгради дури и неговиот главен
соперник Наполеон. Корзиканецот мечтаел да застане на чело на
обединета Европа, создадена на конфедеративна основа, во која
целокупниот живот, без оглед на националните специфичности и традиции
на народите, би се изградувал исклучиво на основа на наполеоновскиот
кодекс.
Размислувале умовите
за иднината на Европа и порано. Во врска со тоа често се споменува, на
пример, трактатот на Вилјам Пен Искуство за сегашноста и иднината на
мирот во Европа по пат на создавање на европски Конгрес, Парламент или
Комора на државите, кој е издаден уште во 1693 година. За тоа пишувал
и Французот Сен-Пјер, кој предлагал да се склучи меѓународен договор
со цел за организација на европска конфедерација на држави на чело со
Постојан совет. Потоа, во 1782 година, тие исти идеи ги развивал Жан
Жак Русо во својот труд Размислување за вечниот мир. Меѓутоа, со
сето ова се бавеле теоретичари.
Од погоре наведените
имиња во практичари може да се вброи единствено познатиот квекер
Англичанецот Пен, основач на американската држава Пенсилванија (1681
година, како враќање на долгот, тој од Карло Втори добил приватна
колонија). Меѓутоа, квекерот сепак немал работа со големата европска
политика, туку само ги израмнувал конфликтите меѓу преселениците од
Стариот свет и американските индијанци.
Размислувањето за
европска куќа, во која се
би се решавало на чесен начин, не го напуштало длабокото верување на
Александар. По победата над Наполеон и по Виенскиот конгрес, каде што
се решени многу проблеми на поделбата на сопственоста, дошло, конечно,
според мислење на царот, време да се позанимава со она најважното да
се започне изградбата во Европа на нешто што личи на вечен
мир.
Повеќето политичари,
кои во тоа време ги претставувале големите држави, најчесто, меѓутоа,
расправале за политичката рамнотежа на силите, а тоа предвидувало
неопходност, поради таа рамнотежа, на шаховската табла да се жртвуваат
понекои пешаци, т.е. интересите на малите држави. Православниот цар
акцентите ги ставал поинаку, додавајќи на тој стар рецепт уште и таква
категорија, како што е моралот. А другите европски готвачи
тогаш тоа многу ги нервирало.
Моралната заслуга на
царот се состоела уште и во тоа што Русија во тој момент била помалку
од другите заинтересирана за создавање на општоевропски механизам, со
кој на континетот му се гарантира стабилност, со оглед дека токму таа
реално ја контролирала состојбата, имајќи најспособна армија во борбен
смисол.
Занимливо е дека
царот-моралист огнено го поддржал познатиот утопист Сен Симон, кој
исто така се надевал дека токму христијанството, втемелено на
братството на луѓето, конечно ќе помогне хармонично да се решаваат
проблемите. Погрешија и царот и грофот-социјалист. А причината за
неуспехот била во тој момент непреминлива пречка нермномерност на
внатреполитичкиот развиток на европските земји. Министерот за
надворешни работи на Англија, на пример, добивал вакви ориентири:
Дајте им на Русите до знаење дека ние имаме парламент и публика пред
кои ние сме одговорни. Лондон прецизно укажувал на тогашната главна
пречка на процесот на обединување на Европа: самодржецот, во најдобар
случај е одговорен пред сопствената совест, англиската влада пред
парламентот и народот. Со други зборови, во својата желба да ја усреќи
Европа, Александар одел далеку пред рудата.
Сегашните обиди да
се обедини Европа не се ништо полесни, иако претходната пречка е
отстранета парламенти веќе постојат во сите земји-членки на
Европската унија. Далеку полоша е состојбата со економијата, реалната
демократија и психологијата. Се
течело убаво само во рамките на стара Европа, т.е. до моментот кога
европските бирократи си го дозволија себе недозволеното исто така да
трчаат пред рудата, заедно проголтувајќи го суровиот полуфабрикат
бившите земји на источниот блок и отпаднатите од СССР. Со сите нивни
вируси, трици и кучини. Во Прибалтикот непочитувањето на
националните малцинства и пристрасноста кон фашизмот, во Полска
вечниот национален инает. И само што влезе во Европската унија,
полскиот благородник во миг изрази желба да постане нејзин лидер
итн.
Меѓутоа, секаде
остана изнегуваниот паразитизам во социјализмот. Не треба да се
заборави дека советската империја била од посебен тип, во која
центарот не се хранел толку на сметка на колониите, колку што во тие
колонии трупаше сопствени сили и средства. Сега новајлиите во
Европската унија подготвени се да се задушат во прегратката на
богатите земји на сојузот. Покрај тоа, сите тие, ако некаква си таму
Литванија, која пред таму да се појават Русите била на периферијата на
светот, имаат во современата Европа ист онаков глас како и старите
заслужени европски лидери. А тоа ги иритира дури и оние кои се
политички коректни.
Тоа што во првиот
ред на протестантите се најдоа Франција (со референдумот) и Англија
(со буџетот) е сосема природна работа. Токму тие народи секогаш се
грижеле за своите интереси на континентот, повеќе од другите. Да ја
споменеме макар и традиционалната француска независност голизам,
која и денес многумина ги загрижува, особено оние преку океанот. Или
островската психологија на Англичаните, која никаде не отиде ни во
XXI век. За Лондон, Ла-Манш е повеќе од
географија. Седејќи во својата куќа зад заливот, Англичанецот секогаш
се залагал за сериозна игра на континентот само тогаш кога тоа му
користело. Англичаните никогаш не сакале да преземаат на себе претешка
одговорност во политичка или финансиска смисла. А покрај тоа, постои
уште поблизок пример: Западна Германија ни до денес не може да ја
свари Источна Германија, што ја проголта. А се изгледаше така просто:
1 Германец + еден Германец = 2.
Да сум Французин, би
го разбрал Французинот, кој не сакаше да игра на свирежот на свирката
на нему непознатиот евробирократ од со тутунскиот дим зачадената
Холандија. Да сум Англичанец, би го разбрал Англичанецот кој не сака
да товари на врат нови паразити.
Накусо, Европската
унија лошо ги проучила правилата на политичката граматика (и хигиена)
и затоа сега задишана како Троцки со неговата светска револуција,
животари во несвестица. По извесно време таа, се разбира, ќе се
освести и ќе тргне понатака, но уште долго ќе се занесува
таму-ваму.
Како што покажа
неодамнешниот самит во Вашингтон, евробирократите нема да останат
сираци: самиот Буш покровителски ги потапка по рамењата. Прашањето е
само во тоа, колку тоа ќе и
помогне на Европа, која мечтае за самостојност.
А да не зборуваме
веќе за тоа дека ни Цезар не е над граматичарите. И на Белата куќа
и е тешко кога нивниот претседател ги меша час
имињата, час времињата. Произлегува дека би било корисно да се отиде
во најблиската библиотека.
Мислењето на авторот
не мора да се совпаѓа со ставот на редакцијата.
Москва,
28.06.2005. RIA
Novosti