И з б о р

22.03.2006.


Двесте години
на музеите
во Кремељ
 

Анатолиј КОРОЛЈОВ (Москва, РИА “Новости“) 

Јубилејниот датум – 200-годишнина од указот на императорот Александар Први за претворање на складот за вооружување во општодостапен музеј, е убава прилика со мислите да прошетаме низ историјата на Кремељ.

А помислата е повод да се постават прашањата, кои одамна се на врв на јазикот на секој заинтересиран посетител.

Така, Кремељ во обликот каков што сите го знаат, создаден е со трудот на големиот руски владетел Иван Трети, кој најпрво се оженил со внуката на последниот византиски император Софеј, а потоа го започнал грандиозното преуредување на претходната тврдина од камен. Италијанските мајстори во текот на 10 години подигнале неверојатни кули и ѕидови, собори и тремови на најголемиот руски замок во Европа.

Тука се наоѓала и царската резиденција, како и дворецот на патријархот на Руската превославна црква. Така, Кремељ бил амблем на органското единство на световната и духовната власт на тогашната држава. Пред 300 години, 1772. година, Петар Први ја преместил престолнината од Москва во Петербург, и Кремељ во подолг временски период ја изгубил својата државничка улога, иако дел од државните функции останале во него. Овде, на пример, се наоѓале Сенатот и Синодот.

Болшевичкиот државен преврат пак го завртело историското тркало. Во 1918. година Ленин ја преместил престолнината од Петербург во Москва, и советската влада брзо е разместена делумно во Кремељ, а дел е сместен во околните хотели. Притоа, Кремељ бил подведен на варварска реконструкција, во која прилика е уништен дел од неговите дворови со цел за создавање комфор и безбедност, а храмовите и манастирите се затворени.

Во годините на Сталинистичката диктатура Кремељ е претворен во најтајна и најнепристапна тврдина на власта на планетата, а дури по смртта на водачот, постепено, чекор по чекор, бастионот на тиранијата постанал достапен на Московјаните и туристите.

Денес, од тие бурни времиња остана чуден конгломерат на згради, храмови, дворци, касарни и складишта.

Како прво, овде се наоѓа резиденцијата на претседателот на Русија. Дел од владините згради, како и порано, е затворен за слободен пристап и се чува на најстрог начин. Тука припаѓаат зградата на Сенатот во која се наоѓа кабинетот на претседателот, и големиот кремељски дворец во кој се одржуваат свечените заседанија на Државната дума и други протоколарни манифестации. Тука, исто така, се сместени пукот кој се грижи за безбедноста на Кремељ, касарна за војници и други воени објекти. Тоа е многу импозантен дел на Кремељ.

Друго, тука се сместени и зградата под општ назив “Државен историско-културен музеј – забран Московски Кремељ“, во склоп на кој се наоѓа зградата на Оружената палата и на Дијамантскиот фонд на Русија, а исто така и кремељските храмови. Тука, всушност, лежи и најголемиот проблем. Храмовите внатре во Кремељ – Успенски, Благовештенски и Архангелски – се најстарите храмови во Москва. Ним треба да им се придодаде и ѕвонарата на Иван Грозни – централната визуелна доминантна тврдина. Денес сите тие храмови се затворени за верниците и постојат само како делови на музејскиот комплекс. Само понекогаш, во деновите на религиозните свечености, овде се обавуваат црковните служби, кои ги служи лично Патријархот на цела Русија. Храм во кој не горат свеќи, туку сијалици и лустери, храм во кој се водат екскурзии и во кој служителите дремнуваат во столиците, остава, во најмала рака, чуден впечаток.

Посебно е трагичен духот во главниот храм во кој почиваат моштите на великите цареви и кнезови – Архангелскиот сабор. Овде се погребани, покрај другите, великиот Иван Трети, Иван Калита, царот Иван Грозни, кнезот Димитриј Донској...вкупно 46 гробници. Според замислата, овде би требало да се обавува секојдневна служба за покој на душата.

Со еден збор, мислата ми е јасна.

Функциите на светски музеј и храм апсолутно се инкопатибилни. Сите обиди тие функции да се направат коппатибилни, пропаднаа. Последен пат тука бев есеноска, на излижбата на аризницата на австриските Хабзбурзи. Експонатите беа разместени во зградата на звонарата на Успенискиот сабор. Теснотија, до злабога! Практично не беше возможно да се посматраат експонатите! Во просторот одреден за неколку монаси-ѕвонари, кои се искачуваат по скалите до звоното, разместени се слики, модели на играчки, витрини за штитови и мечеви. Сето тоа не е достојно за Кремелј, ни Москва, ни нова Русија.

Најновата јубилејна изложба “Руските императори и Оружејната палата“ сместена е во таа иста ѕвонара, на која, навистина, ја додадоа реставрираната палата во Патријарскиот дворец. Во центарот на изложбата се експонатите донесени од лондонскиот музеј на Викторија и Алберт – јувелирската вредност на Руската круна, која некогаш болшевиците ја продале на аукција, а подоцна ја завештале на сопствениците на лондонскиот музеј.

И, да сумираме. Функционирањето на Кремељ, одеднаш, во ваков облик, се претворило во анахронизам, скоро во нонсенс. Секоја од наведените улоги е многу значајна да не пречи на другата. И, колку ние и да одолговлекуваме, еднаш, сепак, ќе мораме да решиме на кого да му се даде предност: на резиденцијата на претседателот, на православната црква или на музејот. Па ние не сме ни први, ни последни. Еднаш на мизеите на Лувр им е предаден кралскиот дворец во Париз, еднаш престолнината на Бразил е преместена од Рио де Жанеиро во Бразилија, а римскиот дворец на великите цезари е отстапен како пешачка зона за туристите од сите краеви на светот.

Москва, 17.03.2006. РИА “Новости“.

______________________

(Напомена: подвлеченото, болд, во текстот е од tema1.net)

http://www.tema1.net