Наследството
на Слободан Милошевиќ
Петар Искендеров, Институт за славистика на Руската академија на
науки
(Москва, Риа
“Новости“)
Смртта
на Слободан Милошевиќ на 11 март во притвореничката ќелија на
Меѓународниот трибунал за бивша Југославија, не е само настан од
медицинска или правна природа. Тој има повеќепланско политичко значење
и дава повод да се замислиме како над самата личност на бившиот
претседател на Србија и Југославија, така и над специфичната политика
на Меѓународната заедница на Балканот.
Пред
создавањето на Меѓународниот трибунал за бивша Југославија на основа
на Резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, број 808 од 22
февруари 1993 година, поставена е задача “судски да се гонат лицата
кои се одговорни за сериозни кршења на меѓународното хуманитарно
право, извршени на територијата на бивша Југославија од 1991 година“.
Основата
за неговото создавање, како што следи од текстот на Резолуцијата, бил
извештајот на комисијата од експерти на ООН, кои воделе истрага “за
континуираното пристигање на соопштенија за крупни кршења на
одредниците на меѓународното хуманитарно право, кои се присутни на
територијата на бивша Југославија, покрај другото и соопштенија за
масовни убиства и практиката за „етничко чистење„“. Во “етничкото
чистење“ на просторите на бивша Југославија беа замешани сите
завојувани страни.
Меѓутоа,
статистиката на поднесени обвиненија стана поинаква. Меѓу обвинетите,
и во количински поглед, и од аспект на нивниот статус, т.е. заземање
на високи државни функции, од самиот почеток преовладуваа Срби – како
босански, така и хрватски, така и претставници на сојузна Југославија.
Во 2001
година Хашкиот трибунал успеа во процесот на судење да го воведе и
повеќегодишниот лидер на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ.
Ако се земе во предвид дека дотогаш веќе беа распишани потерници за
бившите лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ,
а подоцна е подигнато обвинение и против бившиот претседател на
Република Српска Краина во Хрватска, Милан Бабиќ, тогаш е јасно
дека лидерите на практично сите признати, полупризнати и непризнати
српски државни творби се осомничени за извршување на злосторства
против човечноста, споредливи по својата суровост со злосторствата од
нацизмот.
Меѓутоа,
претензиите дека Хашкиот трибунал ќе постане друго издание на
Нирнбершкиот суд, од самиот почеток беа неодржливи. Во Нирнберг и’
е судено на земјата, која е евидентен виновник за светската војна,
агресија и злосторства против сопствениот и народите на окупираните
земји.
Распадот
на единствена Југославија – со сиот нејзин крвав карактер – беше
резултат не на надворешна агресија или триумф на човечката омраза
спрема идеологијата на нацизмот, туку израз на сложени центрифугални
тенденции, делувања на национално-државните елити, наследства на
процеси и противречности кои се развивале и акумулирале не една
деценија, туку со век.
Ако
Хашкиот трубунал навистина сакал објективно да влезе во сложените
перипетии на балканската историја од крајот на
XX
и почетокот на XXI
век, тогаш ќелиите на затворот во Шевенинген требаше заедно со
Слободан Милошевиќ, да ги поделат неговите колеги – лидерот на
муслиманите Алија Изетбеговиќ од Босна и претседателот на
Хрватска, Фрањо Туѓман. Подоцна би можеле да им се придружат
лидерите на албанските екстремисти на Косово, чија воена
организација “ОВК“ своевремено ја признаваше како терористичка дури и
Државниот департмент на САД, кој не негува посебни симпатии спрема
Србите.
Главатарите на вооружените пододеленија на македонските албанци,
кои фактички подигнаа бунт против својата земја (патем речено, верен
партнер на НАТО во операцијата на “Сојузничките сили“ во 1999 година)
– исто така заслужија со нив натенане да се позанимава Хашкиот
трибунал. Меѓутоа, тоа не се случи.
И можеби
постои некаков знак повеќе во тоа што Милошевиќ отиде на оној
свет како невин човек од меѓународно-правен аспект, како и Туѓман
и Изетбеговиќ.
Говорејќи за улогата на Слободан Милошевиќ во неговите односи
со Западот, никако не може да се побегне од фактот
дека токму тој беше
главен гарант на Дејтонскиот мировен договор, откако ги примора
босанските срби да се согласат на за нив многу неповолната мапа за
разграничување на повоена Босна и Херцеговина. Впрочем, многу од тие
западни посредници, кои денеска
postfactum го
означуваат покојникот како крвав монструм (покрај другите и Ричард
Холбрук) – 1995 година му ја стискаа раката на Милошевиќ, и
на Караџиќ, и на Младиќ, им заблагодаруваа за
соработката во мировниот процес во регионот (иако обвиненијата против
двајцата последни од страна на Хашкиот трибунал се подигнати на 14
ноември 1995 година, т.е. една недела по потпишувањето на Дејтонскиот
мировен договор и сите придружни документи кон договорот).
Ако ги
земеме предвид тројцата српски лидери кои се одговорни за најтешки
злосторства и направиме аналогија со Нирнберг, тогаш
американските и западноевропските
архитекти на босанското средување во
нешто се сродни со учесниците во “минхенскиот договор“ со Хитлер во
1938 година. Такви се правните аспекти на “делото на Милошевиќ“.
Ништо
помало не е прашањето и во поглед на неговата медицинска компонента.
Од каде во неговата крв силно делувачкиот антибиотик
rifampicin
за лекување на лепра и туберколоза, од кои Милошевиќ никогаш не
боледувал? Зошто, според сведочењето на неговиот правен застапник
Бранко Ракиќ, во крвта на покојникот “анализите откриле премали
дози“ на други, нему навистина неопходни медикаменти? Оти,
64-годишниот притвореник одамна се жалел на исхемија на срцето,
хипертонија и други болести, кои бараат постојано и интензивно
лекување.
Зошто се
чудни резултатите на анализата на примероците, кои содржат
rifampicin, откриени дури по смртта на Милошевиќ,
т.е. со задоцнување од неколку недели? Како можело да се случи
персоналот да не пружи благовремена помош на бившиот југословенски
лидер, а се знае дека ќелиите во затворот во Шевенинген се наоѓаат под постојано набљудување.
Сегашниот случај е четврта по ред смрт на осомничените и осудените
затвореници на Хашкиот трибунал и тоа, патем речено, исклучиво Срби.
А, зарем не е авторитетна пресуда за недоверба заклучокот на група
руски кардиохирурзи, кои го прегледале Слободан Милошевиќ и по
неговата смрт?
Според
сведочењето на академикот на Руската академија за медицински науки,
раководителот на Научниот центар за срцево-васкуларна хирургија
“Бакулјев“, Лео Бокерија, “да беше Милошевиќ сместен во
Русија во било кој специјализиран стационар, а уште повеќе во
стационар како што е нашиов, нему би му била вградена коронографија,
вградени два стента и тој би живеел уште долга низа години“ и, се
разбира, би се бранел со нова енергија. Да не се плашеле токму од тоа
во Хашкиот трибунал?
Наследството, кое го остави Слободан Милошевиќ, тоа не е само
директното или индиректното учество на Белград во многубројните
вооружени конфликти на Балканот, на што инсистираат неговите критичари
внатре во Србија, а особено надвор од нејзините граници. Тоа се уште и
сериозни прашања од меѓународно-правен карактер, кои бараат
преосмислување на задачата, улогата и местото на самиот Хашки
трибунал. Ако, секако, човештвото сака слични институти да бидат не
само ефективни, туку и ефикасни и објективни – 0 –
Мислењето на авторот не мора да се совпаѓа со ставот на редакцијата.
Москва,
17.03.2006. РИА “Новости“.
______________________