Страницата постојано ќе се дополнува!

 

Мисли

Готфрид Вилхелм Лајбниц / Gottfried Wilhelm Leibnitz  (1646 - 1716)

  • Постојат два вида вистини, оние на разумот и оние на фактите. Вистините на разумот се нужни и она што им е спротивно е невозможно, а вистините на фактите се контингентни и она што им е спротивно е возможно.

Крсте Мисирков / Krste Misirkov (1874-1926)

  • Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата таковина и моите сонародници... Јас сум Македонец, со македонска свест и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината на мојата татковина.

Николо Макијавели / Niccolo Machiavelli (1469-1513)

  • Кога добро ќе размислиме за се, ќе видиме дека некогаш следењето на она што ни изгледа како доблест, не води кон сопствената пропаст, додека следењето на она што наликува на порок успева да ја обезбеди нашата сигурност и благосостојба.

Карл Маркс / Karl Marx (1818-1883)

  • Општетсвениот напредок може точно да се мери според општествената положба на поубавиот пол (вклучувајќи ги тука и грдите жени).

Аделберт Вон Шамисо – Adelbert Von Chamisso (1781-1838)

  • Се плашев готово повеќе од господата слуги, отколку од служените господа.

Серен Кјеркегор / Soren Kierkegaard (1813-1855)

  • Надежта е мила девојка, која бега од нашите раце. Сеќавањето е убава постара жена, која во даден момент на човекот, сепак, не му помага. Повторувањето е љубена сопруга, со која никогаш не е досадно.

Фридрих Енгелс / Friedrich Engels (1820-1895)

  • Парите ја чинат човековата вредност; тој човек вреди десет илјади фунти т.е. тој има толку фунти. Кој има пари тој е “respectable“, припаѓа на “подобрата сорта луѓе“.

Балтазар Грацијан / Baltasar Gracian (1604 – 1658) 

  • Некои ги оценуваат книгите по нивната дебелина, како да се пишувани за вежбање на рацете, а не на главата.
     

Артур Шопенхауер / Arthur Schopenhauer (1788 – 1860) 

  • Расудувањето со сопствен ум е привилегија на малкумина. Останатите се водени од авторитети и примери. Тие гледаат со туѓи очи и слушаат со туѓи уши.

Мишел де Монтењ (1533 - 1592) 

  • Илјада пати сум зажалил што се изгубила книгата која Брут ја напишал за доблеста: оти згодно е да се учи теорија од оние кои така убаво знаат да ја применат.
     

Фридрих Ниче (1844 - 1900) 

  • Мојата вистина е страшна: оти досега лагата се викаше вистина!

 

 

 http://www.tema1.net