Види ја “политичката елита“ и – плачи!
23-05-2008
ТАКА Е! – “И оној филозов од старите времиња секогаш
имал причина за плачење се’ додека себе си се посматра“! Така го
пренесол записот еден филозов од старите времиња за друг филозов од
постарите времиња. Филозофот кој плачел додека се посматрал, се викал,
така велат, Хераклит (VI-V в.п.н.е.)
И денес, во современа Македонија, сега, се води – според
некои мислење! – партиска кампања, на – така се верува! – демократски
парламентарни избори, за – така се вели! - пратеници на народот. И,
што да размислува, што да верува, што да говори, и што да запише еден
интелектуалец, кој ги слуша и гледа говорите и делата на
самонаречените македонски политичари-државници?
И, што да прави обичен Македонец со самонаречените
политичари-државници, кои, наместо да плачат додека се гледаат себе
си, тие е гордеат со бројните “опаки подвизи“, прикажувајќи ги како
“сјајни подвизи“, тие размислуваат и говорат за “својата
извонредност“, тие се расфлаат со морални, правни и празни фрази, тие
во себе потајно, а и јавно, размислуваат за опакоста на – обичниот
Македонец? Шро да право Македонецот во невреме во кое и најголемата
глупост е безначајна кога ќе ги чуе дека себеси се претствуваат со –
цитирам – зборовите: “Ние политиката елита!!!...“.
Филозофот од старите времиња плачел кога се гледал себе
си. Во Македонија народот плаче – кога ги гледа самонаречените
политичари-државници!
Во Македонија народот плаче и кога се гледа себе си! Во
Македонија народот е и “оној филозоф од старите времиња“! А,
самонаречената полтичка елита има причина за плачење... И никогаш не е
доцна... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)