| 10.04.2007. |
Македонец оди во Европа
Тргнал Македонецот да оди за Европа.
Патот го започнал некаде во почетокот на деведесетите години на XX век. За кусо време – така му рекле! – ќе пристигне во Европа.
И, така, Македонецот оди, оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Изминале пет години, а Македонецот веќе е “на пат за Европа“, и оди, оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Изминале уште пет години, а Македонецот веќе е “пред влезот на Европа“, па оди, оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Изминале и уште пет години од третиот милениум по Христос, а Македонецот е “пред вратата на Европа“, и ене го – оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Дошла и 2007 година, и еве, Македонецот, сеуште – оди, оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Едни го туркаат, други го влечат, а Македонецот, ене го (ВИДИ СЛИКА!), пак – оди, оди, оди, оди, оди, оди, оди...
Македонецот веќе и не знае каде оди, но се надева дека – ќе пристигне таму каде што оди!?
tema1.net
|
|