Arbeit
Macht Frei
или Конц-логор!
04-03-2008
Десетина Европски држави плус САД, кои
себеси се нарекуваат “Меѓународна заедница“, веќе 17 години на јавна
сцена ја моделираат Република Македонија – туткај, гмечи, тегни,
виткај, кини, лепи, крпи, гази... Во нивната работа добиваат и
несебична од македонските “дражвно-политички чувари“.

Тоа значи дека Македонија е ставена,
стручно кажано, на “бесконечен конвеер“, затворен круг што се
врти во место и од Државата се прави она што се сака. Затворениот круг
е логор, а на местото класичните бодликави жици и ѕидови, логорот е
затворен со т.н. “Шенген визи“. Притоа, претставниците на ЕУ во рацете
држат го држат мечот – НАТО, како и концепти за “демократија, слобода,
права, закон и ред“, специјално измислени за Македонија.
Така се добвива сликата –
Експеримент Македонија на Балканот! За да
се увеличи делото на EU, на сликата од делото е истакната и
паролата Arbeit Macht Frei или “Работата ослободува“, која за оваа
прилика е “увезена“ од Европа – Auschwiz, Аушвиц! Над неа блеска
жолтата ѕвезда на ЕУ! Забавата продолжува... Секако, тоа е – европска
забава... (tema1.net, М. Арсениевски)
tema1.net
|
|