26-10-2007
Од маските, не можат
да се видат цивилизацијата и духот на Македонија и Македонците!
Во Република
Македонија најавена е и се води остра борба против организираниот
криминал и против државната и политичката корупција. Се разбира –
вербално и рекламно!!! Другото останува исто, како и во изминатите 16-17
години.
Клучното прашање е –
зошто никој не може да ги “фати“ и големите криминалци?
Клучниот одговор е –
затоа што никој и не ги бара! Сакам да кажам дека: тој што треба да ги
бара – не ги бара!
Или, поправилно –
зошто од полицијата и од Јавното обвинителство не можат да бидат
“фатени“
и големите криминалци?
И, уште поправилно –
затоа што полицијата и Јавното обвинителство не ги бара!...
За некои други
држави е речено дека – тоа се едни исти лица, но под различни маски!
Маски на државници +
политичари + бизнисмени + експерти...!
Во Македонија,
приказната е малку поразлична! Тоа се едни исти лица, под исти маски!
Како на сликата! И, како што може да се види – Македонија не може да се
види!
Покриена е со маските на т.н.
“државници + политичари + бизнисмени + експерти...“! Покриена е со цела
структура на таа и на таквата власт!
Исти лица – исти
маски!... (tema1.net,
М. Арсениевски)