Споменик на познатиот предавник!04-06-2007
Според историската традиција, по правило, секоја држава има СПОМЕНИК НА НЕЗНАЈНИОТ ЈУНАК. Во чест, слава, сеќавање и почитување на бројните борци и херои, знајни и незнајни, кои животите и делото ги посветиле на сопствената држава и народ.
Во Македонија е поинаку. Во Македонија не постои таков споменик. Во Македонија – “борците и хероите се живи“!
И оваа историска епоха – 1990-2007 година – во Македонија може да се обележи како ЗЛАТНО ВРЕМЕ за “државниците борци и херои“ на големите и високите зла и предавства.
Такви треба та бидат и спомениците за нивното дело – високи и големи, широки, долги и дебели... Долго да траат и вечно да се паметат...
А, доволен е и само еден споменик за историјата: СПОМЕНИК НА ПОЗНАТИОТ ПРЕДАВНИК! Нека им е вечна слава...
Затоа, види ја сликата! Гледај, читај, запамети и раскажувај... ( tema1.net, Концепт, М. Арсениевски )
tema1.net
|
|