ДОКУМЕНТИ

18.07.2005
 

“УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО“!?

Закон за основање на Државен Универзитет во Тетово - со боја на теророт! Последен Закон со потписот на Претседателот на Република Македонија, Борис ТРАЈКОВСКИ!

 

Ова е фотографија од “Колекцијата: групни портрети“ на Државната власт на Република Македонија и, со од неа, амнестираните албански терористи. Фотографијата е направена од носителите на највисоките функции на Државната власт на Р.М. – претседатели, министри, пратеници… Во градбата на фотографијата, чиј наслов е: ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО, содржано е озаконувањето на странска државна институција - со туѓо знаме, со туѓ грб и со туѓа химна! И сето тоа е обоено - со боја на теророт!!! Документот да се чува за историјата во - КАТАЛОГ НА ЗЛОДЕЛА!

Важна напомена: Ова е последен Закон со потписот на Претседателот на Република Македонија, Борис ТРАЈКОВСКИ, кој на 26.II.2004-та го загуби животот во близина на градот Мостар, Босна и Херцеговина, при уривањето на авионот со кој патувал,!

(29.II.2004, Концепт, М. Арсениевски)

 

http://www.tema1.net/