|
|
| 16.08.2006. | ||
|
●
Владимир СИМОНОВ,
Се сеќавате ли како се подготвувавме за радување за погребот на „Ал-Каида“? И навистина, за тоа имаше, така се чинеше, оправдани причини. Уште на 2 септември 2004 година, во својот говор на Конгресот на Републиканската партија, Џорџ Буш објави дека “повеќе од три четвртини од клучните членови на „Ал-Каида“ и нивните помагачи се уапсени или ликвидирани“. Се претпоставуваше дека пресметката со преостанатата четвртина е прашање на време и тоа скорешно. Сосема неодамна, во јуни оваа година, Хенри Крамптон, раководител на контратерористичкото одделение на Државниот департмент на САД, поднесе извештај до Сенатот за денешното учество на “Ал-Каида“, со нота на занемарување од победникот спрема победените. “Постојат докази – рече тој – дека нејзините водачи, вклучувајќи ги Бин Ладен и Ајхман Завахири, се во очај, заради тоа што директно не раководат со мрежата“. Во таква јадна состојба “Ал-Каида“ ја доведе упорноста на САД во ловот на нејзините лидери, изјави Крамптон. Меѓутоа, на хоризонтот меѓу терористите се наоѓаше омилениот 11-ти ден во месецот, во дадениот случај август, и светот ја потресе веста за заверата на 22 Британци од пакистанско потекло, кои смислиле да уништат неколку десетини авиони на патот од Велика Британија до Америка. Стотина човечки жртви се избегнати, благодарение единствено на чудо, со кое тешко дека се исцрпува само будноста на специјалните служби на Британија, Пакистан и САД. Потресот поради таа приказна се засилува и со сознанието на една непријатна вистина. Без оглед на обидите мрежата на Бин Ладен да се прогласи за страшило од минатото, таа сеуште е способна да организира терористички акти од светски размери. Според мислењето на директорот на FBI, Роберт Молер, планот на британските терористи ги има сите знаци на учество на “Ал Каида“. На тоа укажуваат многу нешта. И самата идеја за масовен терористички акт со користење на неколку авиони, што многу потсетува на трагедијата од 11 септември. И честите патувања на идните терористи во Пакистан, кадешто на авганистанската граница, судејќи според се’, успешно го кријат Бин Ладен и неговата камарила од американската пешадија. И на крајот, апсењето на главниот организатор на лондонската завера, Рашид Рауф, човек со тесни врски во врвот на “Ал Каида“. Меѓутоа, директното поврзување на настаните во Британија со “Ал Каида“ може од нашиот поглед да ги сокрие другите, уште пострашни метаморфози што се случуваат на таа светска терористичка мрежа. Експертите за тероризам не се сомневаат дека во текот на последните години се воочливи т.н. “предавања на штафетната палка“. Од јадрото на изворната “Ал Каида“ таа штафетна палка ја прими светската мрежа на разни видови на радикални ќелии, кои не се поврзани една со друга. Под знамето на “Ал Каида“ застанаа исламските групи кои порано војувале со владите на своите земји во име на сепаратизмот и други локални цели. Сега ги вдахнува нова, попрестижна интернационална цел на која укажа Бин Ладен: САД и западните интереси воопшто. “Ал Каида“, како единствена целина, со единствен центар на управување, по своја прилика, веќе ја нема. Организацијата постана некаков светски бренд како “Кока-Кола“. Попрецизно, идеологијата за одмазда кон светот на неверните и богатите е способна да врбува маси од следбеници и ги поттикнува на смислување на сопствени видови на терористички акти. Бин Ладен не си игра со епрувети и хемикалии за да би го усовршил рецептот на течниот експлозив. Тој, веројатно, и воопшто нема претстава за тоа што, каде и како ќе се случи. Од него е доста тоа – кој е, поточно, тој е – моќен инспиратор на исламските фанатици, кои не’ принудуваат да живееме во друг свет – свет на насилство, сомневање и деноноќен страв. Во таа смисла со огорчување би можеле да признаеме: иако британската завера пропадна, терористите, сепак, делумно успејаа во своите цели. Сите ние, кои се сметаме за цивилизирано човештво, осетивме на сопствената кожа насилно нурнување во, се чинеше, заборавениот кошмар, 11-ти септември. Не’ зафати чувство на ужас, кое долго ќе ги мачи нашите души. И, како и да ја замислуваме “Ал Каида“ – како умирачка организација или организација која добива сила од духовниот симбол на тероризмот – занимливо е прашањето: што неа ја реанимира токму денес? За да би одговориле на тоа прашање, би требало да се прелистаат неколку страници од историјата. Се сеќаваме, Бин Ладен беше “јаран“ на Соединетите Американски Држави, додека со нејзина помош војуваше против советската армија во Авганистан. Првите антиамерикански тријади на идниот водач уследија во 1982 година, т.е., во моментот на почетокот на првиот израелски упад во Либан, што Соединетите Американски Држави отворено го поддржаа. “Кога ги видов тие разорени кули во Либан – како што американскиот историчар за меѓународен тероризам, Лоренс Рајт, го цитира Бин Ладен – ми падна на ум дека ние мораме да ги казниме виновниците“. Од таа либанска трагедија тргна и идеолошкиот синџир со кој на муслиманските радикали им се објаснува кој е крив. Американско-израелска завера – Америка како главен непријател – убиство на Американци и на нивни сојузници, како индивидуална должност на секој муслиман. Либанската историја и палестинско-израелскиот конфликт секогаш ја потхрануваа омразата на младите Арапи и Пакистанци спрема “угнетувачите“, со проклетата фатва од 1988 година, чие авторство се припишува на Ал-Завахари. Од тогаш минаа две децении. Телевизиските екрани денеска се поставени и во најсиромашните бифиња на блискоисточните и азиските градови, па така оние страшни слики од свежи урнатини во Либан, мораа да ја детонираат експлозијата на застарената омраза. Во пластичните боци за “Фанта“ потекоа првите литри од течниот експлозив... Москва, 15.08.2006. РИА “Новости“. ______________________________ (Напомена: подвлечениот дел во текстот, болд, е од tema1.net) |
||