ВМРО-ДПМНЕ:
Распуштање на Собранието на РМ
09-04-2008
- ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи да му
предложи на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ позитивно да се произнесе за
иницијативата за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Соопштението од ВМРО-ДПМНЕ го објавуваме во целост.
Извршниот Комитет
на ВМРО-ДПМНЕ на својата седница одржана вчера (08.04.2008) ги
разгледа иницијативите на двете најголеми опозициони партии, првата
која се однесува на распуштање на Совранието на Република Македонија и
втората која се однесува на формирање техничка влада.
Извршниот Комитет
на ВМРО-ДПМНЕ заклучи да му предложи на Централниот Коимтет на
ВМРО-ДПМНЕ позитивно да се произнесе за иницијативата за распуштање на
Собранието на Република Македонија.
Ваквиот свој
заклучок Извршниот Комитет го темели на неколку основни причини:
неефикасност на работата на Собранието на Република Македонија,
постојаната блокада од страна на опозиционите партии на процесите за
донесување на реформските закони, Злоупотреба на Собранието на
Република Македонија за вулгарен политички маркетинг од одредени
политички групации, враќање на угледот на Собранието на Република
Македонија.
Извршниот Комитет
на ВМРО-ДПМНЕ ја разгледа состојбата во врска со блокадата од страна
на Република Грција за нашето зачленување во НАТО на самиот во
Букурешт.
Претседателот Никола Груевски го
информираше Извршниот Комитет за случувањата поврзани со ова прашање.
Извршниот Комитет
остро ја осуди неодговорната постапка на Република Грција за блокирање
на приемот на Република Македонија во НАТО алијансата, со што се
загрозуваат добрососедските односи помеѓу двете држави и се загрозува
регионалната стабилност, развојот и просперитетот на целиот регион.
Извршниот Комитет
на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Претседателот Никола Груевски да продолжи со
пошироки консултации со експертски групи и политички партии во насока
на соодветно надградување на стратегијата на Република Македонија во
однос на спорот на Република Грција со нашето име.
(Извор: ВМРО-ДПМНЕ)
___________________________
tema1.net