Антицинизмот на Ана Политковска
Андреј КОЛЕСНЈИКОВ,
политички коментатор на РИА “Новости“ (Москва, РИА “Новости“)
...
Убиство на јавна личност секогаш е демострација кон некој,
нешто, ориентирана во правец самиот чин да постане
breaking news,
вест за прва страница. И во таквите убиства секогаш има многу
тајни...“
Смртта на Ана Политковска се најде во истиот ред со другите
убиства на руски новинари, кои ја разбрануваа јавноста – од
Димитриј Холодов до Пол Хлебнјаков. Заедничко на тие
трагични настани е околноста што целите на убијците секогаш биле
новинари – истражувачи.
Ана
Политковска беше новинар – истражувач
со резонантно име, резонантни текстови, напишани на резонантна
тема. Таа тема е Чеченија. Жанрот на истражување е и онака опасен,
а уште ако се работи и за некогаш побунета територија, тогаш
опасноста на професијата се прави двојна, тројна.
Убиство на новинар е јасен сигнал за тоа дека во Чеченија не е се’
токму како што треба, онака како што тоа го преезентираат оние кои
мислеле: војната е окончана, заборавете. Ана Политковска не
ја застрела најмен убиец, таа загина во војна, но во “мирно“
време. И таа војна уште долго ќе ги пристигнува нивните поранешни
и сегашни актери. Инрецијата на војната се покажа многу силна.
Журналистката Ана Политиковска беше уште и со правозаштитна
улога. И тоа страствена. Заштитата на правото претпоставува висок
степен на пасионираност, инволвираност во личните судбини на оние
луѓе чиј живот новинарот го опишува и штити. Таа журналистка има
право и на наивност, и на патос, и затоа таа, по одредување, не е
цинична. Таа не се стреми да ги свати вишите интереси, не се мири
со неизбежните и неправични текови на настаните.
Во
еден од последните текстови, кои не се посветени на Чеченија, туку
на руската политика, Ана Политковска го употреби поимот “антицинизам“.
Одсуството на цинизам во борбата против цинизмот беше нерв на
нејзината журналистика, кој ја диктираше и содржината на текстот,
и нејзиниот стил.
Убиство на јавна личност секогаш е демострација кон некој, нешто,
ориентирана во правец самиот чин да постане
breaking news,
вест за прва страница. И во таквите убиства секогаш има многу
тајни. Таквите убиства се резонантни. Во таквите убиства секогаш
има преширок круг на сомнителни. Таквите убиства објективно е
тешко да се расветлат, како од чисто криминални, така и од
политички причини. А токму на тоа секогаш сметаат неговите
нарачатели.
Наједноставно би било да се обвини актуелната власт на чеченија и
лично премиерот на републиката, Рамазан Кадиров, против
кого и беа вперени многу текстови од Ана Политковска. Но
следниот логичен заклучок, кој директно произлегува од
примитивната анализа на состојбата: убиството им било од корист
на оние кои би сакале да го “извалкаат“ актуелниот фактички шеф на
Чеченија.
Веќе сега има многу верзии. Веројатно
ќе ги има уште повеќе. И истрагата најверојатно ќе се заврши со
ништо. Тоа е тажно. Затоа што човечкиот живот е прескапа цена за
уште едно несваќање за проблемите на руското општетсво: политички,
социјално и, што е најважно, морално. – 0 –
Мислењето на авторот не мора да се совпаѓа со ставот на
редакцијата.
Москва, 09.10.2006. РИА “Новости“.
______________________________
(Напомена: подвлечениот дел во текстот, болд, и поднасловот се од
tema1.net)