Избор

 

 27.10.2006.

Путин: 10 прашања – 10 одговори

(Москва, РИА “Новости“)

 

За сиромашните и богатите?

-          Ние мораме да го отстраниме дисбалансот меѓу граѓаните кои живеат многу добор и граѓаните кои живеат многу сиромашно.

За надворешните конфликти?

-          Потребно е кај никого да не се појавува желба за Русија да ја вовлекува во било какви конфликти. Притоа, потребно е сите да знаат дека ние доследно, упорно и силно ќе ги браниме своите национални интереси.

За економските амбиции?

-          Русија нема да постане економски анекс на Западот. Најважна задаче е да ја диверсификуваме екномијата, да ја направиме современа и развојна врз база на најновите технологии.

За политиката на постсоветскиот простор?

-          Ние не се стремиме кон проширување на територијата. По распадот на Советскиот Сојуз, Русија остана најголема, ние имаме доволно сопствена територија, но нема да допуштиме крвопролевање во тој регион.

За украинските браќа?

-          Русија, во случај на неопходност и во случај да ја замоли украинскиот народ и украинското раководство, ќе гарантира едно – немешање во внатрешните работи. Ако се појави такво соблазнување, ве уверувам дека присуството на руската флота на Крим нема да биде на одмет. Но тоа е избор на нашите украински колеги, на нашите украински браќа.

За искушенијата?

-          Потребно е да се создадат услови при кои луѓето повеќе ќе мислат на своето место, отколку на парите кои можат да ги добијат ако земат мито.

За женскиот статус почитување?

-          Правата на жените барат посебна заштита. При решавање на демографскиот проблем, ние акцентот ќе го ставиме на тоа да се подигне социјалниот статус на жената. Апсолутно е недозволено користењето на службената положба за да се принуди жената да биде љубовница.

За ружата на ветрови?

-          Ние сметаме дека нуклеарните проби нанесуваат штета на нашите односи со Северна Кореа, не само затоа што пробите се вршат во непосредна близина на нашата граница – на 177 километри. Но, добро е тоа што таму ружата на ветрови е таква што се носи кон океанот, а не кон нашата територија. Ние највнимателно ќе ја пратиме и следиме еколошката состојба. За тоа ние имаме доволна национални средства за контрола.

За Јужна Абхазија, Јужна Осетија?

-          Во Русија се загрижени поради милитаризацијата на Грузија. И влошувањето на руско-грузиските односи е поврзано со тоа, со подготовки за решавање на јужно-осетискиот и абхазискиот проблем по воен пат.

За алкохолот?

-          Никакво повторување на искуството од 1980-тите години, кога со забрани се бореа против алкохолот, нема да има, не се предвидува и не се планира.

Москва, 25.10.2006. Риа “Новости“.

______________________________

tema1.net