Владимир
СИМОНОВ
политички коментатор на РИА “Новости“
(Москва, РИА “Новости“)
Дали САД ќе победат во Ирак? Не, Сер!
На
прашање на сенаторот Карл Левин, таков одговор даде Роберт
Гејтс, чија кандидатура за шеф на Пентагон ја
разгледуваше сенатскиот комитет за одбрана. Гејтс даде уште
низа шокантни изјави. Покрај другото, тој изјави нешто што порано
беше незамисливо: претседателот нема да има одлучувачки глас при
разгледување на “промената на приодот“ на ирачкиот проблем. А дека
следат такви изјави, во тоа никој не се сомнева.
Гејтс не само
што ја отфrли
можноста за војни акции против Сирија, туку повика на
преговори со Дамаск и Техеран. И што е најважно – според
мислењето на Гејтс, цeлите на САД во
Иран можат да бидат остварени со “драматичнo
помал“ број на америкаска војска од денешниот што таму се наоѓа. Со
други зборови, неизбежно е нивно повлекување, макар и делумно.
Предизвикувачкиот антибушовски став на идниот министер за одбрана,
соодветствува токму со објавените гледишта на неговиот претходник.
Во службениот меморандум од 6 ноември (2006 г.), т.е. два дена пред
оставката, Доналд Рамсфелд, како што се потврди, го
предупредил Џорџ Буш: она што ние го правиме во Ирак “не функционира
доволно доборо и доволно брзо“. Човекот, кого го сметаа за
главен идеолог на Иранската војна, со воздржување тоа го признава во
таен документ: “Според мене, настана време за темелни промени“.
И на
крајот, извештајот на двопартиската комисија на Џејмс Бејкер
за Ирак, чие објавување се очекува во четврток – судејќи
според истечените информации во медиумите – да се намали
американскиот контингент во Ирак до 2008 година за приближно
една половина од сегашниот состав од 140 илјади, и за стабилизирање
на состојбата да се ангажираат ирачките соседи Иран и Сирија.
Бушовата администрација го сакала тоа или не, сепак сите тие
еретички настани од нејзин аспект, можат да сведочат само за едно –
тргна процесот на заминување на Америка од Ирак, најпрво
делумно. За сега тој е само во умовите на највизионерските кругови
на двопартиската политичка елита, но почетокот на реализација на таа
некогаш шокантна идеа е ствар на неколку наредни месеци.
Не е
случајно што сега американските политиколози жестоко спорат околу
дефинирањето на такви поими како што се “победа“ и “пораз“ на САД
во Ирак. При тоа, за победа во воена смисла веќе не говорат.
Опремена со космичка технологија, армијата се покажа немоќна против
вештата партизанска илегала и нејзиното омилено оружје – автомобил
исполнет со експлозив. Тоа денес е аксиома.
Америка, исто
така, доживеа целосно фијаско, ако победата ја поимаме како
трансплантација во Ирак макар и на ембрион од западната дипломатија.
Многубројните ирачки избори во текот на последните години,
референдум за уставот и свеченото формирање на неколку владини
кабинети, сето тоа потсетува на театарски декор. Така, фурнирот
се бои во зелено, да би се “продал“ како трева.
На
крајот на краиштата, баасистот кој се одмаздува, навреениот шиит,
или просто терористот, го решетаат тој фурнир со автомаски рафал,
враќајќи му реалноста на гледалиштето.
И како
резултат, за поимот “победа“ сега пронашле ново толкување.
Америка победува во Ирак, божем, затоа што наскоро во рацете на
законитата власт ќе ја предаде работата за смирување на земјата.
Единствено самите Ирачани можат да го прекинат хаосот во сопствената
земја – макар и со американска помош. Никој, впрочем, не го
поставува најпростото прашање: а што ако самите Ирачани не бидат во
состојба на Ирак да му го вратат мирниот живот, ни денес, ни во
догледна иднина. Тогаш тоа, секако, нема да биде главоболка на
америка, туку на Ирак.
Москва, 06.12.2006. РИА “Новости“.
__________________________
(Напомена: подвлечениот дел во текстот, болд,
е од
tema1.net)