|
|
Фото портрети |
| 13.03.2007 |
Петре Прличко – 100 години од раѓањето
Денес, 13 март 2007 година, се навршуваат 100 години од раѓањето на македонскиот драмски, филмски и телевизиски актер и врвен уметник на сцената Петре Прличко. Неговите улоги остануваат во врвот на македонската цивилизација. По тој повод, објавуваме две уникатни фотографии на Прличко, снимени во јули 1974 година на Југословенкиот филмски фестивал во Пула, Хрватска, каде што беше прикажан филмот “Капетан Мукула Мали“, во кој ја играше главната улога. На фотографиите Петре Прличко е со малите актери од филмот “Капетан Микула Мали“, чии имиња, за жал, ги немаме забележано.
tema1.net