___________________________
На
вратата од станот ѕвони водоинсталатер. Излегува домаќинот.
- Добар
ден. Кај вас има пукнато цевка од парно греење? – прашува
водоинсталатерот.
- Не!
– вели спокојно домаќинот.
-
Вие сте семејството
Петрески?
- Не,
ние сме Јанкоски... Семејството Петрески се иселија пред една година.
- Еј,
што терсене луѓе! – се развикал инсталатерот. – Бараат “ХИТНО“ да
дојде водоинсталтер дека им течеле радијаторите, па се иселиле!!!...
___________________________
Разговараат две
русокоси.
- Замисли
– вели едната – сношти ми пријде еден идиот и ни-едно-ни две, вели:
“Ај да те носам во апартман во мојата вила!“
- Идиот...
И!
- Каква
вила, каков апартман... Тоа ти била обична гарсоњера!
____________________________
Еден македонски политичар си се шетал
низ Македонија за да ги разгледа природните убавини. Одејќи низ
планината, застанал покрај некој поток за да ги измие рацете и лицето.
И само што ги ставил рацете во водата – опа! – фатил златна рипка.
- Пушти ме – вели златната рипка – и ќе
ти исполнам три желби!
- Добро! – вели политичарот – Прва желба
ми е низ овој поток наместо вода да тече само виски... Втора желба ми
е Охридско езеро наместо со вода да биде полно само со виски... Трета
желба... – продолжил политичарот – Трета... Трета желба... Ај, дај
уште едно шише виски!!!
_____________________________
Се
враќа еден поп од состанок на Синодот и патем среќава друг поп.
-
И, што реши Синодот? – прашува вториот поп.
-
Е, вака! Се збореше за нас, на поповите, да ни биде дозволено да се
жениме.
-
Пак, само се збореше. Тоа значи дека ние нема да дочекаме дозвола да
се ожениме... Ама, со верба во бога – нашите деца ќе дочекаат!
_____________________________
Трајко се затрчал по булеварот, небаре е на атлетско првенство. Се
разминува со некој пријател, кој му свикал:
- Еј, Трајко! Каде си се затрчал толку брзо?
- На плоштад...
- А, што има таму?
- Гола плавуша ќе јава на коњ...
- Што, бе, зар до сега не си видел гола плавуша?
- Абе, сум видел гола плавуша, ама – не сум видел коњ!
- Еј, да беее! Чекај, идам и јас!
______________________________
Отишол Стојко кај очен лекар.
- Докторе! – вели Стојко – Ми требаат итно други наочери!
- Какви наочари бараш сега? – вели докторот – Само пред три дена ти
дадов нови?
- Несреќа, докторе. Вчера ми ги скрши девојката!
- Како, бе, ти ги скрши!? Се каравте?
- Не, докторе. Имавме секс и...
- И...?
- И, таа ненадејно силно ги стегна колената... И отидоа наочарите...
______________________________
Мажот и жената водат брачен дијалог:
- Дали знаеш – прашува мажот – каква е разликата меѓу самовила и крава?
- Да чујам... – вели сопругата.
- Три години брак!
Сопругата се чешка за носот и го прашува мажот:
- А дали ти знаеш каква е разликата меѓу лав и вол?
- Кажи... – вели мажот.
- Еден потпис пред матичар!
_______________________________
Трајче влегува во
кафеана. Му приоѓа конобараот и вели:
- Повелете,
господине...
- Многу сум жеден!
– вели Трајче. – Донеси ми веднаш нешто да се освежам!
Конобарот му носи
една полна чаша.
- Повелете,
гоподине. За вас, чиста изворска вода!
- Каква вода, бе!?
Јас реков дека сум жеден, а не извалкан!!!
____________________________
Русокоса дама влегува во ординација на гинекологот.
-
Докторе! – вели русокосата – Еве веќе три години сум во брак и сеуште
на можам останам бремена? Што да правам?
-
Ммммм! – вели докторот – Интересно. Ајде соблечи се и легни онде на
креветот!
-
Ама, докторе, ти не ме разбираш... Јас сакам да забременам од маж ми,
а не од тебе!
____________________________
Една убава русокоса влегува во ординација на докторот.
-
Докторе! – вели русокосата – Како може да имам секс без употреба
на кондом, а да не останам бремена?
-
Млада дамо! – вели докторот – Тоа е тешко да се објасни со зборови.
Јас сум доктор-практикант!
-
Ако, докторе! Сум дошла на вистинско место! – вели русокосата.
-
Добро. Тогаш, соблечи се и легни на креветот... Да ти покажам!
_____________________________
Судијата му се обраќа на обвинетиот:
- Слушај, Трајче! Обвинителот вели
дека си украл 10 милиони евра од буџетот на државата. Дали разбра?
- Да! – вели Трајче.
- За ова се лежи во затвор до 20
години и мора да имаш адвокат... Кој е твој бранител?
- Немам адвокат, господине судија!
- Зошто?
- Бев кај неколку адвокати и никој не
сакаше да ме брани!
- Зошто!? – се чуди судијата.
- Па, штом им кажав дека не сум украл
ниту едно евро, одвај спасив жива глава! Сите ме избркаа!
___________________________
Тројца припадници на
специјалните полициски сили при вршење рација во јавна куќа силувале
една плавуша.
Започнал судски процес
и судот ја донесол следната ПРЕСУДА:
- Полицајците се
казнети за “употреба на прекумерна сила во вршење на службени
дејствија“, а плавушата е казнета за “давање отпор на службено лице
при вршење на службени дејствија“!
___________________________
Пациент влегува во
ординацијата на докторот.
- Докторе, брзо! Ме укаса змија? – вика пациентот.
- А кај те укаса? – прашува докторот.
- На нива!
- Мислам, на кое место?
- Под дрво!
- Ама за што те укаса?
- За ништо, доктор!
- Еј, ти ме зафркаваш?
- Не, докторе! Сериозен сум! Ме укаса и тоа трипати!
- А дали знаеш точно каде те укаса?
- Знам! Знам, докторе!
- Е, па, тогаш, повеќе да не одиш на тоа место!
___________________________
Се
караат жената и мажот.
-
Кога се омажив за тебе – вреска жената – бев будала, слепа, глува,
нема, без ум и разум!!! Разбираш?
-
Аха! – одговара мажот – Разбирам, жено моја слатка! И дали ти гледаш
од колку болести сум те излечил?
___________________________
Влегува Трајче во ординација и му вели на
докторот:
- Докторе, имам голем проблем со жена ми!
- А, што е проблемот? – прашува докторот.
- Па, по цела ноќ не спие... До рани зори око не
затвора.
- И! Што прави?
- Ме чека да се вратам дома!
____________________________
- Тато! – прашува малиот Аце – Кога завршува
детството?
- Е, синко, – вели таткото – детството завршува
тогаш кога Дедо Мраз ќе престане да ти ги исполнува желбите, а ќе
започне да ти ги исполнува Снежана!
____________________________
Се сретнале двајца “граѓани од Македонија“.
- Каде одиш? – прашал
едниот.
- Никаде – вели другиот и
додава: - А ти?
- И јас исто... Никаде!
- Е, па, тогаш да одиме по
другана улица... Од таму е поблизу – до никаде!
___________________________
Радосен фраерот, фатил некоја невина плавуша и
правец – во кревет. Откако ја завршиле работа, фраерот разочаран и со
тажна фаца, и’ вели на плавушата:
- Ама, ти ме излажа... Не си била навина!
- Абе, каква лага!? Чиста вистина!... Невина
бев... Пред пет години!!! Имам и сведоци!
_____________________________
Докторот го советува пациентот:
- Значи вака: повеќе нема цигари, алкохол, пиво,
коцкање, потоа ќе намалиш солено, луто, благо, кисело, горко...
- Докторе! А – секс! – прашува пациентот.
- Секс може. Секс може само, внимавај
– без возбудување!
- А како тоа без возбудување!?
- Просто, само со својата сопруга!!!
____________________________
- Здраво, Трпе Велики! Гледам се подготвуваш за годишен одмор.
Ааа...?
- Да, се поготвувам и се мислам...
- А, што се мислиш?
- Како да не се мислам!? Ете, пред две години, во Шпанија, жена ми
остана трудна! Минатата година во Италија, жена ми пак остана трудна!
- И... Што е тука за мислење?
- Сега се мислам за Турција... Ама, нема лабаво... И јас ќе одма со
неа!!!
_____________________________
Седи Македонецот во кафеана. Ги празни чашите од ракијата и ги реди
пред себе. Голема мака му натежнала. Доаѓа негов пријател, го гледа
натажен и му вели:
-
Која
мака, пријателе, те мачи, па ги редиш чашите?
-
Голема мака! – вели Македонецот и додава – Добив син! Целиот е на
мене!
-
Оооооо...! Голем да расте! Ти, пријателе, наместо да се пијаниш,
треба да леташ од радост!
-
Дааааа...! Ќе летам, ама ќе летам од дома... Само, кога ќе разбере
жена ми!!!
_____________________________
Русокоса дама влегува во моден
салон и и’ вели на продавачката:
-
Сакам градници и танга-гаќички... Да бидат најскапи и најсекси...
За подарок ми се!!!
-
Веднаш – вели продавачката и вади од најскапите. Еве, повелете...!
Ќе ви ги спакувам во најубава амбалажа!
-
Каква амбалажа!? – се буни русокосата. Граданиците и гаќичките се
амбалажа... Јас сум подарокот!!!
______________________________
- Ајде жено – вели
Трпе – и денеска одиме во живот...Вака: јас ќе украдам сирење, ти жено
ќе украдеш сол и леб, а малиот Трајче ќе украде домати и пиперки од
пазар... Слушаш Трајчееее!!!
- Слушам, таткооо! – вика малиот Трајче. – Ама,
татко, вака не се оди во живот... А, да украдеме одеднаш еден милион
евра и да видиме што е живот?
- Е, не може синко – вели таткото. – Не може.
Ние сме ти обични криминалци, а не министри!!!
________________________________
Една повоооооззззззрасна русокоса
влегува во апотека.
- Ве молам – вели русокосата – дали имате нешто за моите брчки на
лицето!
- Имаме, госпоѓо! Имаме длабоко почитување! – вели апотекарката.
Русокосата заминува задоволна, а по неколку часа повторно доаѓа во
апотеката и прашува:
- Ве молам, дали имате нешто за моите брчки на лицето!
- Имаме, госпоѓо! Имаме големо почитување! – вели пак апотекарката.
Русокосата заминува позадоволна, а по неколку часа по трет пат доаѓа
во апотеката и пак прашува:
- Ве молам, дали имате нешто за моите брчки на лицето!
-
Имаме, госпоѓо! Имаме најгооооолемо почитување! – вели пак, малку
нервозно, апотекарката.
Русокосата заминува презадоволна, а вечерта еве ти ја, пак, во
апотеката и уште еднаш прашува:
- Ве молам, дали имате нешто за моите брчки на
лицето!
- Имаме, госпоѓо! – вели апотекарката. – Имаме многу убава МЕТЛА!!!
- Метла?... Одлично!... А како се употребува?
- Па... Можете да ја однесете дома... А можете веднаш и да се качите на
неа!!!
________________________________