Зоран ЗАЕВ, претседател на СДСМ:
“Социјал-демократскиот сојуз се согласува со име кое нема да го загрози
националниот идентитет, јазик, култура и национална посебност на
Македонија и Македонскиот народ. Се согласуваме со решение во однос на
замена на досегашната референца БЈРМ со името “географска одредница“,
кое ќе биде прифатливо за двете страни во разговорите, македонската и
грчката...“ (Скопје –
03.10.2008)
Леонид ИВЕШОВ,
генерал-полковник и
претседател на Академијата за Геополитички проблеми, Русија:
“Во НАТО во текот на повеќе години постои диктатура на
една држава. Бев сведок на тоа – во Алијансата нема никаква
демократија, никаков консензус. Кога г-ѓа Олбрајт, а денеска
г-ѓа Рајс ќе нареди, генералите на НАТО стојат во ставот –
Мирно! и одговараат – Разбирам!“
(“Гласот на Русија“, Москва –
12.09.2008)
Дмитриј
МЕДВЕДЕВ, претседател на Русија:
“За оваа соработка, пред се’, се заинтересирани државите-членки на
Северноатлантската алијаса, а не РФ. Доколку, во суштина, ја прекинат,
за нас тоа не е страшно. Подготвени сме да прифатиме било каква одлука,
се’ до прекин на односите во целина“
(За соработката меѓу НАТО и РФ
по конфликтот во Грузија, “Гласот на Русија“ –
25.08.2008)
Г.Г. СТЕФАН, Архиепископ Охридски и
Македонски:
“Свети Кириле, денес во твојот и наш град Солун е камен на камен од
твоето дело! Денес во твојот роден град се’ е пепел и прав и нема ни
буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш
говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и
молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму
однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време... Таму
се прогонува и протерува се’ што е македонско, и се негира и името
на земјата, и името на Црквата, се негира – вистината. (На гробот
на свети Кирил во Рим –
24.05.2008)
Никола
Груевски, премиер на РМ и лидер на ВМРО-ДПМНЕ:
“Преродбата продолжува значи продолжување на
силната и неселективна борба против криминалот и корупцијата, изградба
на ново крило во затворот Идризово за да ги собере сите криминалци“. (На
изборна конвенција за пратеници
–
04.05.2008)
Радмила
Шекеринска, лидер на СДСМ:
“...Јас однапред се извинувам што во претходните неколку дена, меѓутоа
претпоставувам и во следните неколку дена, ќе чуеме дека господинот
Груевски се однесува како Кастро. Ние не сме во биле во право и таа
проценка беше погрешна. Господинот Кастро никогаш не настапувал со
пишани говори, господинот Кастро претседателот довчерашен знаел да
одговори и на новинарски и на политички прашања. Господинот Груевски
по се’ изгледа одлучи да биде Кастро меѓутоа во куси понтолони.“ (12.04.2008)
Љубиша Георгиевски, претседател на
Собранието на РМ:
“...Од името на Собранието на Република Македонија и од свое лично
име да го поздравам меѓу нас претседателот на Народното собрание
на Република Бугарија, господин Георги Пирински, и неговите колеги
пратеници од Народното собрание на Република Македонија!
(аплауз!)... Се извинувам за
лапсусот...“ (11.03.2008.)
Никола
Груевски, Премиер на РМ:
“Јас се согласувам со СДСМ дека се’ што не
чини во Македонија виновен сум јас, се’
што е грешка, проблем или некаков лош потег, виновникот сум јас, а
се’ што е добро во државата, се’
што е прогрес е, вака, благодет кој што доаѓа од СДСМ“!
(18.11.2007.)
Бранко Црвенковски, претседател на РМ:
“Деца, не играјте си со
државата – состојбите се многу сериозни и од Вас се очекува да се
однесувате одговорно согласно со функциите кои ги извршувате.“
(Пораката е упатена до раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а по повод нивна
претходна прес-конференција.
02.11.2007.)