Мисли

Балтазар Грацијан / Baltasar Gracian

(1604 – 1658)

  • Внимателното молчење е светиња на мудроста.
     

  • Се да надминеш е омразено, а да го надминеш својот господар токму е или лудост или горчлива судбина.
     

  • Нема поголема власт од онаа над самиот себе и над својата судбина.
     

  • Животот е човекова војна против човековите зла.
     

  • Играчот никогаш не ја одигрува онаа карта која протвникот ја очекува, а уште помалку онаа која противникот ја сака.
     

  • Големите луѓе зависат од времето. Не се затекнале сите во она време коешто го залужиле, а многумина навистина се затекоа, но немаше кога да го искористат.
     

  • Некои ги оценуваат книгите по нивната дебелина, како да се пишувани за вежбање на рацете, а не на главата.
     

  • Никогаш не ја отворај вратата ниту на најмалото зло, оти со него ќе се вовлечат многу други и поголеми.
     

  • Многумина не го губат разумот, затоа што го немаат.
     

  • Мислењето е слободно и на него не може и не смее да се врши никакво насилство.
     

  • Никогаш не заборави дека човекот треба самиот себе да се почитува.
     

  • Ласкањето е поопасно од омразата, оти тоа ги скрива флеките, кои омразата сака да ги исчисти.
     

  • Има клеветници кои побрзо уништуваат некој добар глас со некаква досетка, отколку со отворена и дрска расправа.
     

  • Убавицата нека биде паметна, па уште на време нека го искрши огледалото, за да не мора тоа подоцна да го стори од огорченост, оти ја тргнало од измамата.
     

  • Да се говори вистината и да се одржи дадениот збор, се чини како да се ствари од некое минато време.
     

  • О, несреќно столетие, во кое доблеста е непозната, а расипаноста е на дневен ред.
     

  • Подобро е да бидеш со сите будала, отколку сам паметен.

tema1.net