Мисли

Фридрих Енгелс / Friedrich Engels

(1820-1895)

  • Парите ја чинат човековата вредност; тој човек вреди десет илјади фунти т.е. тој има толку фунти. Кој има пари тој е “respectable“, припаѓа на “подобрата сорта луѓе“.
     

  • Англиската буржоазија чини добор од интерес; таа ништо не подарува, таа своите подароци ги смета за трговија.
     

  • Буржоазијата и инаку се претправа дека е безгранично хумана – ама само кога тоа го бара нејзиниот сопствен интерес.
     

  • Очигледно е, пред се, дека законодавството има за цел да ги заштити поседниците од непоседниците. Законите се нужни затоа што има непоседници.
     

  • Главни носители на лихвата, лоповлукот и разбојништвата се кнезовите и властелата. Тие се живо грабаат во своја сопственост, рибите во вода, птиците во воздух, билките на земја. А тогаш уште на сиромаштијата и го проповедаат заповедот “Не кради“, а тие сами дигаат кадешто ќе стигнат, ги лупат и дерат селаните и занаечиите.
     

  • Ако сме ја изгубиле битката, не ни останува друго, туку да почнеме одново. А одморот меѓу завршетокот на првиот и почетокот на вториот чин, ни дава, за среќа, доволно време да го завршиме неопходниот дел од работата.
     

  • Каде што нема заеднички интереси, тука не може да има заедничка цел, а уште помалку заедничка акција.
     

  • Штом победата над заедничкиот непријател е извојувана, победниците се делат на разни табори и ги завртуваат оружјето едни против други.

tema1.net