| 28.05.2007. |
Крсте Мисирков / Krste Misirkov
(1874-1926)
Борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не и’ дозволуваат на нашата таковина самата со свои очи да ги гледа своите интереси, ами и‘ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и и’ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
Политиката нема работа со науката.
Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: и за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата таковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
Слободата на совеста е признаена насекаде... Експлоатацијата на таа слобода се прогонува насекаде и треба да биде прогонувана и кај нас.
Може ли да има поголема несреќа за Македонците од разделувањето или окупацијата?
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има направено и да се чува да не се повторуваат.
Науката и литературата се најважниот фактор за развивањето не еден народ како народ... Културните народи владеат, а некултурните робуваат.
За да биде градбата здрава, треба темелот да и’ биде убав.
Бугарската надворешна политика не издржува никаква критика. Таа е главен извор на сите наши несреќи.
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари, ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото, ни третото.
Старата вистина, дека на оној што самиот не може да си помогне, не само туѓинците, туку и самиот господ нема да му помогне.
Македонците и’ се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив.
Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата таковина и моите сонародници... Јас сум Македонец, со македонска свест и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината на мојата татковина.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се’ друго на светов.
tema1.net