Мисли

   


Готфрид Вилхелм Лајбниц
Gottfried Wilhelm Leibnitz
(1646 - 1716)

  • Да се дејствува помалку совршено одошто се може, тоа значи да се дејствува несовршено. Да му се покаже на еден архитект дека своето дело можел да го изведе подобро, тоа значи да се критикува неговото дело.
     

  • Ништо од она чија спротивност е можна, не е нужно.
     

  • Секој гледа и зборува по мерка на сопственото гледиште.
     

  • Сите наши мисли и идни перцепции се само последици, иако контингентни, од нашите претходни мисли и перцепции.
     

  • На место е забелешката дека лошата употреба на идеите е повод за повеќе грешки.
     

  • Постојат два вида вистини, оние на разумот и оние на фактите. Вистините на разумот се нужни и она што им е спротивно е невозможно, а вистините на фактите се контингентни и она што им е спротивно е возможно.
     

  • Во Бога постои моќ, која што е извор на се’, потоа познание, кое што ја опфаќа разноликоста на идеите, и најпосле волја која ги причинува промените или произведувањата според начелото на најдоброто.
     

  • Секое органско тело на едно живо суштество е вид на божествена машина, или природен автомат кој бесконечно ги надминува сите вештачки автомати.

tema1.net