Мишел де Монтењ
(1533 - 1592)
Кога стануваше збор за парите, постојано лажев, како што прават оние богатите, кои се претставуваат како сиромашни, или сиромашните, кои се претставуваат за богати.
На секого му е добро или лошо според она како се чувствува. Не е среќен оној кого го сметаат за среќен, туку оној кој за себе мисли дека е среќен.
Илјада пати сум зажалил што се изгубила книгата која Брут ја напишал за доблеста: оти згодно е да се учи теорија од оние кои така убаво знаат да ја применат.
Бидејќи не можам да управувам со настаните, јас управувам со себе и им се прилагодувам, кога веќе тие не сакаат на мене.
Сакам да не го знам износот на она што го имам, за да би бил помалку осетлив на губитокот.
Најниската скала е најцврста. Тука лежи безбедноста. Тука сте потребни само вие на себе.
Јас сметам дека моите мислења се исправни и здрави, но зар има некој кој така не мисли за своите. Еден од најдобрите докази за ова е слабото мислење што го имам за себе.
Никогаш двајца луѓе нема еднакво да мислат за иста работа и неможно е да се видат две потполно исти мислења, не само кај различни луѓе, туку и кај ист човек во разни моменти.
tema1.net
|
|