-
Со
секоја промена се отвора патот на нови промени.
-
Народот радо ги менува своите господари, надевајќи се секогаш на
подобро, и таа мисла го тера да го потегне оружјето против својот
господар. Но, најчесто се лаже во своите надежи, бидејќи
искуството покажува дека потоа ќе му биде уште полошо.
-
Забележувам дека луѓето треба или да се сакаат или да се
уништуваат, оти за малите навреди што им се нанесени тие се
одмаздуваат, додека за големите не можат да го прават тоа.
-
Оној
што му овозможил на друг да стане моќен, самиот пропаѓа, бидејќи
таа моќ ја овозможил или со вештина или со сила, а тоа се
особините на кои мошне недоверливо гледа оној што успеал да стане
моќен.
-
Оној
кој помалу се потпира на среќата, подолго се задржува на власт.
-
Лесно е човека да го убедите во нешто, но тешко е потоа да го
натрате да истрае во тоа свое убедување. Затоа треба да се
управува така што со сила ќе се натераат луѓето да ти веруваат,
дури и тогаш кога ја загубиле довербата.
-
Луѓето се напаѓаат едни со други или поради страв или поради
омраза.
-
Забележуваме дека во освојувањето на власта освојувачот треба
добро да размисли за сите насилства што е неопходно да ги преземе,
но и да ги изврши сите одеднаш, за да не мора постојано да ги
повторува.
-
Стремежите на народот се многу почесни од оние на големците; тие
сакаат да потчинуваат, а народот само не сака да биде потчинет.
-
Во
лошите времиња на владетелот секогаш ќе му недостасуваат луѓе во
кои ќе може да има доверба.
-
Начинот на кој живееме е толку различен од начинот на кој би
требало да живееме, што оној кој ќе ја напушти реалноста во замена
за замислениот живот, ќе биде подготвен за својата пропаст.
-
Човекот кој сака во се’
да биде нејдобар, ќе мора да пропадне, наоѓајќи се меѓу луѓето кои
воопшто не се добри. Затоа е неопходно владетелот кој сака да се
одржи на власт, да се научи да не биде добар, па да постапува
така, или не, во согласност со потребите.
-
Кога
добро ќе размислиме за се, ќе видиме дека некогаш следењето на она
што ни изгледа како доблест, не’
води кон сопствената пропаст, додека следењето на она што наликува
на порок успева да ја обезбеди нашата сигурност и благосостојба.
-
Треба да се знае дека постојат два начини на борба: со закон и со
сила.
-
Секој те гледа онаков каков што се преправаш дека си, а малкумина
чубствуваат каков си навистина.