Мисли

Серен Кјеркегор / Soren Kierkegaard

(1813-1855)

  • Надежта е мила девојка, која бега од нашите раце. Сеќавањето е убава постара жена, која во даден момент на човекот, сепак, не му помага. Повторувањето е љубена сопруга, со која никогаш не е досадно.

  • Животна мудрост не е да се биде кралски коњушар.

  • Вештината на набљудувањето се состои во обелоденување на тоа што е сокриено.

  • Логична е, имено, секоја состојба на ненормалното, ако е нормално присутна.

  • Во првото праскозорје на љубовта се спорат сегашноста и иднината.

  • Ниедна молба не е така уверлива, а да нема досетка, која го решава барањето.

  • Патувај среќно, ти игро на животот, која никој не може да ја нарече комедија, никој трагедија, оти никој не го видел крајот.

  • Зошто никогаш никој не се вратил од мртвите? Затоа што животот не може да прикова, како што тоа го може смртта, како што животот не поседува таква убедливост, како смртта.

  • Се плашиме да видиме ужасни работи, а имаме храброст тоа да го сториме.

  • Ако треба да го прифатиме животот таков каков што е, зарем не би било најдобро да дознаеме каков е?

  • Девојката треба да се пушти да вика, тогаш по тоа нема  зошто да вика, туку се брзо заборава.

tema1.net