Мисли

Артур Шопенхауер / Arthur Schopenhauer

(1788 – 1860) 

  • Расудувањето со сопствен ум е привилегија на малкумина. Останатите се водени од авторитети и примери. Тие гледаат со туѓи очи и слушаат со туѓи уши.
     

  • Не мислам дека луѓето ја знаат вистината, туку дека за некое учење со кое тие толку многу се занимаваат, во стварноста немаат воопшто никакво мислење или размисла.
     

  • Секоја последица на некоја причина е нужна и секоја нужност е последица на некоја причина.
     

  • Оној кој не може да се подмити со 10 дукати, а притоа се колеба, ќе се подмити со 100.
     

  • Само преку она што го правиме, ние дознаваме што сме.
     

  • Посакувањето било кој настан од минатото да не се случел, е налудничаво самоизмачување, односно нешто апсолутно невозможно и толку неразумно, како што е и желбата сонцето да изгрева од запад.
     

  • Оној што верува дека според слободната одлука на духот зборува или молчи или прави нешто друго, тој сонува со отворени очи. Секое нешто е детерминирано.
     

  • Во сите времиња се проповедал многу и добар морал; но основата на истиот постојано лежела во лошото.
     

  • Да се има право, значи да се има право.
     

  • Ние добро знаеме дека еден грам намера тежи повеќе отколку еден килограм разум.
     

  • Што треба да се очекува од човек на кој учителствувањето никогаш не му оставило време за учење.
     

  • Навистина постојат вистински чесни луѓе, како што навистина постои и четворолистна детелина.
     

  • Егоизмот е колосален: тој владее со светот.
     

  • Максимата на највисокиот егоизам е: не помагај никому, туку повредувај ги сите, кога тоа тебе ти користи.
     

  • Максимата на злобата е: повредувај ги сите толку колку што можеш.
     

  • Постојат два начина за извршување на неправедноста, оној на насилството и оној на лукавството.
     

  • Декламирањето е полесно отколку докажувањето, а морализирањето е полесно отколку да се биде искрен.

tema1.net