Аделберт Вон Шамисо –
Adelbert Vin
Chamisso
(1781-1838)
Кој не е сопственик барем на еден милион, тој е, простете ми на изразот, неранимајко!
Се плашев готово повеќе од господата слуги, отколку од служените господа.
Ѓаволот во шише дава и прави се’ што се бара од него.
Ќе постапам правилно, а не мудро.
Забележав дека на убавицата оставив добар впечаток, а тоа од мене направи она што таа очекуваше – будала.
Она што на почетокот не го сакаме со добра воља, тоа на крајот го правиме на сила.
Кој само со нога ќе стапне од правиот пат, неочекувано ќе се најде на други патеки, кои ќе го влечат се’ пониско и пониско.
Прво научив да ја ценам нужноста, а што е нејзиното својство, ако не извршено дело и настан кој се случил!
Научив да ја ценам нужноста, како едно мудро одредување што провејува низ целиот механизам во кој ние соучествуваме само како тркала кои задвижуваат и кои ги задвижуваат.
Што треба да биде мора да биде, што требело да биде се случило.
Секој на овој свет мисли на своите интереси.
Ти, мој пријателе, ако сакаш да живееш меѓу луѓето, научи да ја цениш својата сенка повеќе од парите. Ако сакаш да живееш само за себе и заради своето добро, ех, тогаш не ти треба совет.
tema1.net