Мире АРСЕНИЕВСКИ
TAKA E!  2003

 

| Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |

Мај 2003

1. ТЕРОРИСТИТЕ И ВЛАСТА!

TAKA E! 9 мај 2003. Република Македонија е единствена држава во која една терористичка организација ги зазеде позициите во државните институции! Станува збор за јавната постава на терористичката организација т.н. АНА (т.н. Албанска национална армија). Такво нешто воопшто не е можно без поддршка и содејство на легални институции. Имено, уште во времето кога претседател беше Киро Глигоров, во Р. Македонија организациски активно дејствува терористичката организација со името АНА. Во есента 2000 година, во Тетово е одржан состанок на водството на оваа терористичка организација, на којшто учествуваат и “контролори“ од странство. На состанокот е донесена, односно потврдена, одлуката за отпочнување со масовни “воени“ дејствија во 2001 година. Тогаш е потврдена и одлуката т.н. АНА во Македонија да дејствува под “оперативно име“: ОНА! За сето ова, уште од времето кога претседател беше К. Глигоров, навремено и детално се известувани надлежните македонски институции! Дали приказната е јасна? (Концепт, М. Арсениевски)

2. НЕ СЕ СОГЛАСУВА, НО НЕ СЕ ПРОТИВИ!

TAKA E! 9 мај 2003. Во почетокот на мај 2003 година, во Р. Македонија, Албанската терористичка организација, т.н. АНА, во присуство и на бројни државни функционери, одбележа двегодишнина од  терористичките дејствија во Македонија, со комеморација на загинатите терористи, на кои ќе им биде изграден и споменик!?. Сето тоа се случува во Р. Македонија!!! Владата и другите државни институции на Р. Македонија можат да речат дека “не се согласуваат со Тоа“, но факт е дека “не се противат на Тоа“! Приказната вели дека “дамата не се согласува да биде силувана, но - дамата не се противи да биде силувана!“. Тоа е суштината, а се друго е само техника. ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

3. СПАСИТЕЛОТ, ЗАГРИЖЕНИОТ И ГЛУПАВИОТ

TAKA E! 12 мај 2003. - Претседателот на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на 8 мај 2003, во Брисел, изјави: “Оваа коалициска Влада е цврсто решена да го имплементира Рамковниот договор (т.н. Рамковен договор, Охрид-Скопје, август 2001 - м.з.), со или без поддршка на опозицијата“! Како тоа оди, се виде на 10 мај 2003 година. Албанските терористи од т.н. АНА, сега заседнати во Владата и во Собранието на РМ, под плаштот на “албанско население“, насилно ги спречија Македонците да го посетат местото кај Вејце, над Тетово, каде што на 28 април 2001 година тие исти албански терористи заклаа осум Македонски бранители. На местото на настанот беа и “спасителот“ Хари Костов - Министер за внатрешни работи на РМ  во улога на “Наводно Шокираниот“, и “спасителот“ Лоренс Батлер - амбасадор на САД во Македонија во улога на “Загрижениот за Картагина(!)“, кои на Македонецот му ја доделија улогата на “Глупавиот!“! Така, “спасителите“ започнаа преговори со терористите за дозвола(!) за посета на местото на злосторството!!! (Концепт, М. Арсениевски)

4. КАДЕ Е ШАР ПЛАНИНА?

TAKA E! 12 мај 2003. - Амбасадорот на САД во Македонија, Лоренс Батлер, на 10 мај 2003 година, по насилниот акт од албанските терористи од т.н. АНА кај Вејце, над Тетово, со што беа спречени Македонците да го посетет местото каде што во април 2001 година албанските терористи заклаа осум Македонски бранители,  прашан што ќе им каже на родителите на загинатите, рекол: “Истото што ќе и го кажев и на мајка ми, ако таа посакаше да оди во Виетнам, каде што загина мојот татко. За некои работи треба време...“! Со ова амбасадорот Батлер кажал: “Тетово, Вејце и Шар Планина се во Албанија (или: не се во Македонија!), и, ако родителите сакаат да одат таму, треба време...!“ Сочувство за Батлер, но Виетнам е во – Виетнам! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

5. ИДЕНТИТЕТ: БЕЗ ИДЕНТИТЕТ

TAKA E! 15 мај 2003. - Во текстот НАЦИОНАЛНА КОНЦЕПЦИЈА  ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА на РМ, изготвена од Владата на РМ во април 2003 година, е дефинирано: “Траен интерес на Република Македонија е – зачувување и унапредуање на нејзиниот државен идентитет со слободно изразување на етничкиот идентитет на сите граѓани на Република Македонија, како и заштита на нејзината независност и територијален интегритет“! Внимавај: траен интерес е - државниот идентитет како етнички идентитет на сите граѓани!!! Заклучок: за државниот врв не постои(!) националниот и верскиот идентитет на државата - не постои Македонска држава! Дали некој треба да биде изненаден од идентификацијата за Македонија како “муслиманска држава“, што била неодамна објавена во “Guardian“ – Лондон?! Национална концепција – без нација??? Држава - без народ??? ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

6. ВЕЛЕПРЕДАВСТВО КАКО ИНЦИДЕНТ!?

TAKA E! 20 мај 2003. - ЕДНА ТРЕТИНА ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ПОД КОНТРОЛА НА АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ, А ДРУГИОТ ДЕЛ НЕ Е ПОД КОНТРОЛА НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ОДНОСНО Е ПОД КОНТРОЛА НА “ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРАНИТЕ“ АЛБАНСКИ ТЕРОРИСТИ! Затоа, терористичкото насилство на албанските балисти преку т.н. АНА - кај Вејце (види запис од 12 мај 2003), и нападите со минофрлач врз полициски транспортер и со четири проектили врз касарната на АРМ во Тетово на 17 мај 2003 година, државниот врв ги нарекува “инцидент!“ од “криминални групи без политички легитимитет“, што во превод би значело од “група џепџии без политички легитимитет“! Неконтролирањето на територијата, прикривањето и неелиминирањето на албанските терористи на сите нивоа, и овозможувањето на нивното институционално и вонинституционално терористичко насилство, не е инцидент! Тоа има друго име: велепредавство!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски).

Јуни 2003

7. УЖИВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

TAKA E! 2 јуни 2003. - Лицето со име: БОРИС Т., кое се претставува како претседател на Република Македонија, на 1 јуни 2003 година во Охрид изјави: “УЖИВАМЕ во прекрасните убавини“. Истиот ден, по сознанијата дека албанските терористи го минирале теренот во северниот дел на државата Македонија – Липковско и Скопска Црна Гора – и дека поставуваат ултиматуми до државата, извесниот ДИТЕР БРАУН ХЕРФЕН, командант на штабот на Европските сили за тој дел од државата, изјавува дека: “Во секој случај треба повторно да започнеме сериозни - внимавај!!! (м.з.) - РАЗГОВОРИ со него (со “командантот“ на терористите – м.з.)“. Инаку, Европските сили се нарекуваат КОНКОРДИА, што во превод значи: СЛОГА! Воедно, водачот на терористите сместен во државните институции на иста тема “преговара“ со “Комитет“ на своите терористи... Вакво УЖИВАЊЕ, ДОГОВОРИ И СЛОГА може да постои само во терористички TEAM WORK! И, само во Македонија! ТАКА Е!!! (Концепт, М. Арсениевски)

8. ТОА ШТО НЕ СЕ ПРАВИ - ОДЛИЧНО СЕ ПРАВИ!

TAKA E! 6 јуни 2003. - Лицето Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, во својство на претседател на Владата на Р. Македонија и лидер на СДСМ, и лицето Никола ГРУЕВСКИ, во својство на лидер на ВМРО ДПМНЕ, по заедничката средба одржана на 4 јуни 2003 година  во зградата на Владата на РМ, дадоа изјави дека се договориле: 1/ За соработка за клучните национални и државни интереси (сметам дека станува збор за македонските национални и државни интереси! – м.з.) и 2/ За брзо и доследно спроведување на Охридскиот договор (т.н. Рамковен договор со албанските терористи, Охрид-Скопје, август 2001 г. – м.з.). Првата точка не значи ништо, меѓу другото и затоа што со втората точка апсолутно се суспендира првата точка! Од ова, може да се заклучи дека: 1) Она што знаат дека мора да се прави – одбраната на националните интереси! – тоа и понатака ќе се прави, како и до сега, на начин што (внимавај!) - тоа нема да се прави, и 2) Она што знаат дека не смее да се прави – суспендирање на националните интереси – тоа и понатака нема да се прави, како и до сега, на начин што (пак, внимавај!) - тоа ќе се прави многу подобро! Совет: текстот внимателно да се препрочита! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

9. БЕСМРТЕН ПАПА - ДОБАР АМЕРИКАНЕЦ!

TAKA E! 9 јуни 2003. - Дали Римскиот Папа треба да биде бесмртен, а државјаните на САД да не одговараат за сторени злосторства? Еве ја приказната! Претседателот на САД - Џорџ БУШ & co., побараа од државниот врв на Р. Македонија, да потпише документ со која државјаните на САД ќе бидат изземени од одговорност за злосторства пред Меѓународниот кривичен суд, а ќе одговарале(!) пред американските судии. Лицето кое сеуште се претставува за претседател на РМ - БОРИС Т., како и претседателите на Владата и на Собранието на РМ - Бранко ЦРВЕНКОВСКИ и Никола ПОПОВСКИ & co. - наводно не знаат што да прават, па се консултираат со т.н. експерти од Правниот факултет во Скопје. За разлика од нив, интелектуалецот Еrnest Renan (1823-1892) знаел како треба да се постапи дури и со Римскиот ПАПА, и вели: “Во стварноста, човекот е повеќе или помалку човек, повеќе или помалку син Господов... Не ја гледам причината зошто еден Папа да биде бесмртен!“ А, тука се - замисли! - и човековите права! Поради ова, не ја гледам причината зошто на државјаните на САД - како што се претседателот Џорџ БУШ, неговиот претходник Бил КЛИНТОН, амбасадорот во Р. Македонија, Ворен БАТЛЕР, потоа Колин ПАУЕЛ, Кондолиза РАЈС & co. - би им било ускратено правото да ја потврдат својата миротворност пред еден Меѓународен кривичен суд, наместо што тоа би го ризикувале(!) пред некој американски субјективен и корумпиран судија од Холивуд или од Бродвеј. Миротворците од нафтената и воената индустрија не ги споменувам! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

10. ВИНАТА НА КАМАТА!

TAKA E! 12 јуни 2003. - Прашањето, честопати, е поопасно од одговорот! А, некој постави прашање: „Што мислиш за Рамковниот договор потпишан во Охрид-Скопје, во август 2001 година“? Вака поставеното прашање, само по себе е парадокс! Исто е како да запраша: “Што мислиш за камата зариена во тилот на жртвата?“ Вистинските прашања би биле: „Што мислиш за актерите на Рамковниот договор потпишан во Охрид-Скопје, во август 2001 година“, односно “Што мислиш за актерите коишто ја зарија камата во тилот на жртвата?“ Одговорот е во сликите од делото што ги гледаме. Имено, актерите на т.н. Рамковен договор, удобно сместени во државните институции, под маската на законот и според принципот “Така сакам!“, спокојно (внимавај!) - ја притискаат камата! Овој пат, (иако тоа се правеше и до сега!) на ред е делот на државната администрација, од кадешто треба да се елиминираат Македонците, со што треба да се отворат “18.500 нови работни места за Албанците во јавната администрација“ - како што во Август 2002 година ветија водачите на албанските терористи! ТАКА Е! (Концепт,  М. Арсениевски)

11. ШТО САКА САКАТА ВЛАСТ?

TAKA E! 17 јуни 2003. - Деновиве, албанските терористи од т.н. АНА, чиј главен јавен штаб е сместен во државните институции на Р. Македонија, вооружени и со маскирни униформи на себе, а наводно револтирани од загинувањето на едно лице во престрелка со полицијата, ја зазеле полициската станица во селото Арачиново, лоцирано на периферијата на Скопје. Притоа, терористите извршиле насилство врз полицајците Македонци, а како “колатерална штета“ настрадале и новинари од медиумите. Владата на РМ, самозадоволна од спокојот и богатството во коишто уживаат со своите семејства, преку овластен претставник во МВР, изјави дека терористичкиот акт, всушност еОБИЧНА(!) И НОРМАЛНА(!) реакција на група луѓе…!!! И, што, на сето ова, би рекол Ф. НИЧЕ (Friedrich Nietzsche): “Чест и послушност кон власта, па и кон сакатата власт! Така бара добриот сон!“ Добриот сон на сакатата власт! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

12. ВИНАТА НА МИНАТА!

TAKA E! 18 јуни 2003. - И експлозиите имаат потпис, се друго е измама! Така е и со трагедијата од 17 јуни 2003 година, на релацијата Куманово – караула “Стража“, кај границата на Македонија со Србија, кога беше убиен уште еден професионален војник на Армијата на Република Македонија, а еден офицер беше тешко ранет. Трагедијата се случила кога воено возило “Пинцгауер“ во кое биле војникот и офицерот, нагазило на противтенковска мина поставена на средината на патот. Експлозијата на мината ја “завршила работата“! Прашањето е – кој го уби војникот? Истрагата, вообичаено, е и ќе биде во тек. Но фактот, којшто како Дамоклов меч виси над главите на актерите, е - отпечатокот втиснат на антитенковската мина! Дали на антитенковската мина – внимавај!!! - се наоѓаат заверените потписи од т.н. Рамковен договор од Охрид-Скопје од август 2001 година, потпишан меѓу македонскиот државно-политички врв и албанските терористи! Првиот потпис е од лицето БОРИС Т., кој што се претставува како претседател на државата! А, одговорот е содржан во прашањето. ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

13. ЕХОТО НА Т.Н. РАМКОВЕН ДОГОВОР

TAKA E! 24 јуни 2003. - Министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, лицето Хари КОСТОВ, по двете експлозии што се случија на 22 јуни 2003 година во центарот на Скопје – пред објектите на ТЦ Мавровка и на “Македонски телекомуникации“ и “Мобимак“ – на прес-конференција изјави дека подметнувањето на експлозивните направи пред вториот објект е снимено со три камери и се работи на идентификација на сторителите!!! Така, Хари КОСТОВ, на снимките можеби(?) и ќе ги идентификува формалните потписи на поставените експлозивни направи. Но, тоа не решава ништо. Клучот на решението е - идентификација на фактичките потписи!!! За такво нешто и не му е потребно “снименото со три камери“, оти потребните снимки и потписи ги има и во т.н. Рамковен договор од Охрид-Скопје, потпишан со албанските терористи во август 2001 година. Во т.н. Рамковен договор и во експлозиите, можеби – ако сака! - ќе ги види и сликата, и потписот, а и ехото, на некои од неговото сегашно “друштво“, но и од “мудрата политика“ на првиот претседател на Р. Македонија, лицето Киро ГЛИГОРОВ & co.! Дали е така? ТАКА Е!!! (Концепт, М. Арсениевски)

14. ФУНКЦИОНЕРИ НА СЛОБОДА - ДАЛИ Е МОЖНО?

ТАКА Е! 27 јуни 2003. - Поводот за државната забава, што деновиве ја приредуваат високите функционери и институции во Р. Македонија, лежи во прашањето: “Како е можно извесно лице Дилавер Бојку - да биде на слобода?“. Инаку, наведеното лице било осудено за кривично дело во врска со проституција на казна затвор во траење од 6 месеци, но (сосема нормално!) - избегало! Сега, тоа е “проблем бр. 1 во државата“! Не ќе имаме можност да следиме вакви државни забави, ако одговорните функционери одговорат на прашањето: “КАКО Е МОЖНО извесни министри + пратеници + амбасадори + други државни функционери + т.н. успешни бизнисмени + терористи, ДА БИДАТ НА СЛОБОДА?“. Во недостаток на таков одговор, добро е да се има предвид дека имињата и деталите за “наведените во прашањето + одговорните функционери“ се познати, а не гледам причина зошто да не бидат предмет на обработка откако нивната забава ќе заврши! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

15. КОЈ ГИ ПЛАЌА СМЕТКИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ?

ТАКА Е! 27 јуни 2003. - Претседателот на Владата на Р. Македонија, лицето Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, на 26 јуни 2003 година, преку овластен претставник на седница на Собранието на РМ, рече дека една од причините за поскапувањето на струјата од 7%, е - внимавај! - нискиот степен на наплата на струјата, како од физички така и од правни лица!. Со ова, всушност, Премиерот кажа: “Оние кои редовно плаќале за себе и за другите, тие и во иднина редовно ќе плаќаат - и за себе и за другите, но за 7% поскапо!“ Во Македонија - МАКЕДОНЕЦОТ ПЛАЌА!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

16. КОЛКУ КОШТА ЗАБОРАВОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ?

ТАКА Е! 30 јуни 2003. - Претседателот на Собранието на Р. Македонија, лицето Никола ПОПОВСКИ, на седницата на Собранието одржана на 27 јуни 2003 г., при дискусија за “исчезнатите“ Македонци, коишто во 2001 г. беа киднапирани од албанските терористи, се обрати со зборовите: “Ве молам, да заборавиме на тоа што се случило!“. Така и треба! Претседателот на Собранието на РМ го заборавил(!) “тоа што се случило“! Затоа, потребно е редовно да биде потсетуван за албанските терористички масакри во Македонија - Вејце, Карпалак, Челопек... - и прашуван: “Дали заборави на тоа што се случило?“. И, секогаш: потсети го - за да заборави! И, не прашувај - колку се наплаќа таков заборав! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

Јули 2003

17. ПАРАДОКСОТ НА СВЕДОШТВОТО

ТАКА Е! 02 јули 2003. - Еве едно најдобро сведоштво, но - за што? Деновиве во Скопје, извесниот БОРИС Т., “како претседател на РМ“, на Конференција за “Заедничка Визија за Македонија“ организирана од WSP International и “македонскиот дел“, одржал говор во траење од “две страници“. Притоа, за “разговорите“ со албанските терористи во Охрид од август 2001 г., рекол и ова: „Охридскиот Рамковен Договор што произлезе од тие разговори е најдоброто сведоштво за заложбите на граѓаните на РМ за надминување на конфликтот и градење на одржлив мир“! Па, еве три работи за “најдоброто сведоштво“ - т.н. Охридски Рамковен Договор: 1) Точно е дека - е “најдоброто сведоштво“, 2) Точно е дека - не е “најдоброто сведоштво за заложбите на граѓаните на РМ“, и 3) Точно е дека - е “најдоброто сведоштво“ за стореното велепредавство! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

18. “СЕКСОРАЛНА ЗАБАВА“

ТАКА Е! 07 јули 2003. - Деновиве се случи една македонско - американска меѓународна шега! Имено, “Владата на Македонија“ и “Соединетите Северно - Американски Држави“, со потписи на Дамата Илинка Митрева и амбасадорот Лоренс Батлер, склучија договор според кој првата страна се обврзува американските миротворци за сторени злодела да не ги испраќа пред Меѓународниот кривичен суд, туку да ги испраќа дома - во ССАД! Потоа, по барање на Грција, се огласија ССАД, користејќи ја “шемата“ од секс-оралната забава “Б. Клинтон - М. Левински“, според која првата страна тврди дека “немала секс со втората страна, а дали втората страна имала секс со првата, тоа на првата страна не и е познато“. Така, според претседателот Џорџ БУШ, “ССАД не потпишале договор со РМ, а дали РМ потпишала договор со ССАД, тоа не му е познато“, а познато му е дека таков договор потпишале, но со - The FYROM! Инаку, што се однесува до потпишувањето на самиот договор, тоа е уште една потврда на “практичната теорија“, која во себе содржи две димензии: Прва димензија: единствен критериум за тоа дали едно прашање е од политички или од правен карактер е - Силата, како Насилство! , а се практикува кај спротиставени страни и тука нема заеднички интерес; и Втора димензија: договорот е потпишан меѓу Господата Слуги (М) и Служените Господа (ССАД)! - и во тој случај има заеднички интерес, што припаѓа на категоријата „имитација“, кадешто Господата Слуги, себеси се гледаат како Служена Господа, гледајќи надолу, кон народот! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

19. ФУНКЦИОНЕРИ ВО ЗАТВОР - ДАЛИ Е МОЖНО?

ТАКА Е! 07 јули 2003. - Државната забава за народ, со повторното притворање на извесниот Дилавер Бојку, категоризиран како “бос-макро-крал на проституцијата во државата и пошироко“, продолжува. (Види: запис од 27.06.2002). Д. Бојку бил уапсен во Црна Гора и, со медиумска церемонија, спроведен во затворот во Скопје. Иако Д. Бојку, како “шеф на друг вид забава за народ“ пак Е ВО ЗАТВОР, и натаму останува клучното прашање: “ЗОШТО ДРУГИТЕ ШЕФОВИ, извесни министри + пратеници + амбасадори + други државни функционери + т.н. успешни бизнисмени + терористи, НЕ СЕ ВО ЗАТВОР?“. И, се додека државната власт практично не одговори на ова прашање, ваквите државни забави ќе продолжат! А, не се исклучени ни “забави од трет вид“!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

20. ИЛЕГАЛЕН ИЛИНДЕН!

ТАКА Е! 14 јули 2003. - ИЛЕГАЛЕН ИЛИНДЕН! Тоа е името на измамата за организирање на прославата на Илинден 2003 година! Збор е за т.н. Одбор за одбележување на 100 години од Македонската државност, со кој раководи извесен Борис Т., коj себеси се обраќа со “Неговата Екселенција, претседател на РМ“. Во него членуваат и авторите и извршителите на т.н. Рамковен договор со албанските терористи (Охрид - Скопје, август 2001 г.), секој во свое време. Тука е скоро комплетната државно-политичка власт - Бранко Црвенковски, Никола Поповски, Лилјана Поповска, Ристо Пенов, Петар Гошев, Стојан Андов...! Но, што бараат/што прават во т.н. Одбор и лица кои претендираат да бидат Македонска интелектуална елита - Матеа Матевски, Блаже Ристовски...? Фактот дека се ставиле во функција на претставата на “Неговата Екселенција & со.“, ги изнесува на виделина отворените прашања: 1) Дали се работи за погубната димензија - авто-елиминација!; 2) Дали ја презеле и одговорноста (читај: виност!) да го покријат и прикријат Падот на Македонија од 2001 г., до 2001 г., до денес, и натака, па нивна цел е - Македонците “да ги направат слепи пред очигледноста!“; 3) Дали се дел од “групниот портрет“ на автори и актери на Падот на Македонија; и 4) Дали, како што би рекол F. Nietzsche - “кон престолот сите тие сакаат: тоа е нивно лудило“!... Секој на свое место! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

21. ФАШИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

ТАКА Е! 15 јули 2003 - Таканаречените политички партии и лидери на Албанците од Македонија и околината, деновиве јавно го промовираа распадот на Македонија (со референдум за нивно “отцепување“), иако е познато дека по злоделото под име “Рамковен договор - август 2001“ силно се спроведува техничкиот дел од таа фаза! (Повеќе види во: Анализи - Коментари). Така, “време е или не е време да се каже!“, факт е дека АЛБАНСКИОТ ФАШИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА на дело е од времето на мултиетничкиот претседател на РМ, Киро ГЛИГОРОВ, до денес, и во иднина! И, парадоксот да биде - парадокс, албанскиот фашизам беше и е под силна заштита на институциите на системот! И, парадоксот да биде “трипати парадокс“, албанскиот фашизам беше и е во институциите на системот! И, парадоксот да биде “седумпати парадокс“, албанскиот фашизам силно се штитеше и се штити во институциите на системот! И, парадокскот да биде “седум-пати-седум пардокс“, албанскиот фашизам силно го штитеше и го штити - албанскиот фашизам! А, македонските институции на системот - Влада, Собрание, претседатели на Влада, на Држава, на Собрание... - по функција и по име и презиме се објавени во “Службен весник на РМ“, колку да се знае на кои Македонци треба да им припадне славата!!! ТАКА Е! (Концепт, М.Арсениевски)

22. ПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА

ТАКА Е! 18 јули 2003 - ПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА - како последица на злоделото на претседателите на РМ, Киро Глигоров & со. + Борис Т. & со. + на Владата + на Собранието + министри + пратеници + други, сторено со воведување и овозможување на дејствување на албанскиот фашизам во државата - сегашната државна структура силно го спроведува под фразите: реформа на администрацијата и децентрализација на власта! Во заднината на идиотската политичка реторика, како и до сега, всушност, се сокрива колосалниот алчно мотивиран и неказнет раскош на државните структури. Со овој акт, државната моќ и формално се пренесува, во рацете на албанскиот фашизам, со што се реализира проектот за т.н. Голема Албанија. Не ми е познато кој идиот им рекол на македонските државни структури дека тоа што го прават е добро, но знам многу работи според кои тоа што го прават - е ужасно! Затоа, ликовите на државниот врв, од 1991 до денес, ме потсетуваат на “...Оној Теомброт, за кого велат дека откако ја прочитал Платоновата книга во која се расправа за душата, се стрмоглавил од ѕидините и така од овој живот преминал во другиот, верувајќи дека е подобар... Сведок може да му биде и самиот Платон... кој секако и самиот би го направил тоа...!“ Ако тоа било добро! Така, современиците и сведоците на нивното стрмоглавување ќе ја раскажуваат и таа приказна! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

23. АМНЕСТИЈА ЗА ВРХОВНИ КОМАНДАНТИ...?

ТАКА Е! 21 јули 2003. - Собранието на Република Македонија, на 18 јули 2003 година, донесе Закон за амнестија на граѓаните на Република Македонија кои не ја извршиле воената обврска! Со тоа, пратениците потврдија дека сега има околу “петнаесет илјади амнестирани криминалци“ кои сториле кривични дела со тоа што не ја извршиле воената обврска во Армијата на Република Македонија во времето од 1992 година, до денес! Ако се има во предвид вкупниот број од околу два милиони државјани на РМ, бројката од “петнаесет илјади амнестирани криминалци“ е страотен показател, што говори за делото, авторитетот и одговорноста на Врховните команданти и “други лица“ од државната власт. Сето ова би било поедноставно и би имало само - или само уште? - “десетина амнестирани криминалци“, ако, по овој повод, пратениците донесеа Закон за амнестија на ВРХОВНИ КОМАНДАНТИ НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ И НА МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Кој би ја презел одговорноста (читај: вината!) да донесе таков закон? ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

24. КИРО ГЛИГОРОВ - СВЕДОК ИЛИ ОБВИНЕТ?

ТАКА Е! 21 јули 2003. - Поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, деновиве се понудил да биде сведок во процесот што се води пред меѓународниот Кривичниот суд во Хаг (за злосторства на просторот на поранешна СФРЈ), против поранешниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ. Не ми е познато дали лицето Киро Глигоров би се понудил да биде обвинет пред истиот суд за злоделата во РМ во неговото време, во последната декада на 20-тиот век. Би било “занимливо“ што ќе одговори на прашањата -  кој е неговиот придонес, учество и дел во злоделата: 1) за криминализирањето на државата и грабежот на народен имот и пари од 20 милијарди долари, 2) за губењето на 200-300 илјади работни места, за состојба во која половина од работоспособното население е на улица, 3) за 30% екстремна сиромаштија на народот, 4) за промената на етничката структура на населението со давање на над 130.000 државјанства на немакедонци по род, 5) за целосното иселување од Македонија на 56.100 Македонци по род, 6) за воведувањето и овозможувањето на дејствување на албанскиот фашизам во државата, 7) за тотално разурнување на безбедносниот систем на државата и нејзино оставање без одбрана...? Кое е неговото задоволство во сето ова...? ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

25. “ЈАМКА ЗА БЕСИЛКА“?

ТАКА Е! 29 јули 2003. -  Претседателот на Владата на Македонија, Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, на 25 јули 2003 г., при посетата на градот Дебар, изјави: “Во Македонија - генерално, а во Дебар - посебно, традицијата вели дека луѓето кога ќе дадат збор, треба да си го испочитуваат!“ Еден ден пред тоа, на Седница на Собранието на РМ, неговиот министер Петар ГОШЕВ, даде збор дека сите кои се вработени од туѓа “политичка победа“, ќе ги брка од работа - така и прави!? - а со цел за вработување на лица од негова политичка победа! Според една историска приказна, откако “господинот“ - сега тоа би бил Петар ГОШЕВ - ќе го открие најлошиот од најлошите - ќе го обеси, односно ќе го избрка од работа. Тогаш, некој друг ќе биде најлош, па и тој ќе мора да биде обесен, а потоа, пак, некој друг ќе биде најлош... И, така, се додека не дојдат на ред, како најлоши, вработените од неговата политичка победа, потоа неговите блиски, потоа поблиските, потоа најблиските... На крајот не би останал никој друг, освен тој - најдобриот меѓу најлошите, кој постанува најлош меѓу најдобрите. И, како-таков, ќе мора самиот себе да се обеси, односно самиот себе да се избрка од работа! “Со тоа, тогаш, ќе се решат сите прашања за владеењето, за државата, за организацијата на работата, за хиерархијата...“ - така завршува првиот дел од приказната! По ова, на потег би требало да бидат Премиерот Бранко ЦРВЕНКОВСКИ и министерот за внатрешни работи Хари КОСТОВ, со нивниот даден збор за случаите кога има - злоупотреба на службената положба! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

26. ТИЕ, НЕ СЕ НИЕ!

ТАКА Е! 31 јули 2003. - “Јас велам дека треба да ја вратиме безбедноста, затоа што ја имавме, а во 2001 година ја изгубивме!“ - така, на 30 јули 2003 рекол Никола ПОПОВСКИ, претседател на Собранието на Р. Македонија. Што на ова би рекол вујкото на Дон Пабло (од делата на F.G. De Quevedo, XVI-XVII век), со име Алонзо, познат “пријател на правдата“? Опишувајќи ја бестрашноста и храброста на таткото на Дон Пабло - какви што никој на светот не покажал! - Алонзо вели: “Го велам тоа, оти јас самиот го обесив!“ Денес, Алонзо би рекол: “Ние, водачите на државата, ја загубивме безбедноста, има веќе две години, од една албанска фашистичка група - на начин како што ниедна држава на светот така не ја загубила. Го велам ова, оти и јас лично учествував во тоа! И, еве, по загубата, јас сум - Претседател! Дали ме разбра, внучко мој?“. Во ова, има две работи: 1) Алонзо се фали со делото што го сторил, и 2) Лицето Н. ПОПОВСКИ обвинува за злоделото што “СИТЕ ТИЕ“ го сториле, како да е сторено од “СИТЕ НИЕ“! Злоделото е познато, а познати се и “ТИЕ“, и авторите, и актерите, и затоа, во ова злодело - ТИЕ, НЕ СЕ НИЕ! Само кажувам, да се знае! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

Август 2003

27. ГОВОРОТ НА ПРЕМИЕРОТ!

ТАКА Е! 2 август 2003. - Претседателот на Владата на Република Македонија, Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, на свечената академија по повод столетието на Македонската државност, одржана на 31 јули 2003 година во Скопје, одржа говор. Во говорот, Премиерот рече: “Воениот конфликт од 2001-та остави големи трауми“, а не кажа дека потписот и печатот на “воениот конфликт“ е од албанскиот фашизам со подршка од поединци од државниот врв на Македонија! Во говорот, Премиерот рече: “Искрено верувам дека од начинот на кој ја запревме војната, ја избегнавме големата трагедија“ и дека: “Охридскиот договор е договор да се сочува Македонија“, а не кажа дека поимот “верувам“ припаѓа на категоријата на “натприродните вистини - вистина на верба“, а се користи за измама и манипулација, и оти со откривање на фактите за “начинот на кој ја запревме војната“, ќе се види “сјајот“ на велепредавството, алчността и криминалот на државниот врв! Во говорот, Премиерот рече: “Покажавме дека овој народ е позрел и помудар од многу други со подолга државотоворна традиција“, односно дека владетелската мудрост била - мудрост на народот!, а не кажа дека со тоа одговорноста-вината за своите акти, водството ја пренесува на народот! Говорите продолжуваат, а неизговореното по правило - посилно говори! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

28. ХЕРОИТЕ НЕ БИЛЕ ХЕРОИ!

ТАКА Е! - 3 август 2003. - На Илинден 2003 година, во Крушево, Врховниот командант и Претседател на Р. Македонија, БОРИС. Т., “си допушти да се наврати на сеќавањата на 2001 година“ и проговори: “Во името на сите млади и непотребно згаснати животи, во името на сите во темнина завиени мајки, сакам да повикам на разум, мудрост, разбирање...“. Тогаш, во 2001-та година, сега “во темнина завиените мајки“, ги доверија своите синови под командата на Врховниот командант, за одбрана на Македонија од албанскиот фашизам. Но, имало и друга приказна! Сега, Македонските бранители и херои, и официјално(!), се само “непотребно згаснати животи“ за кои нивните мајки за навек ќе бидат “во темнина завиени“! Нивниот Врховен командант, спокојно, во името на тие “непотребно згаснати животи“ и нивните мајки, бара “разум, мудрост и разбирање“ за да се заборават “непотретребно згаснатите животи“, за кои во 2001-та се немало - ниту разум, ниту мудрост, ниту разбирање! Зошто е така? Извесен Ф. Ниче, за говорот на Претседателот, би рекол: “Давам златник за секоја умна мисла во говорот! А, вистина е дека ниту јас имам златник, ниту во говорот има умна мисла!“ Затоа е така! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

29. ДОКУМЕНТ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО

ТАКА Е! - 13 август 2003. - Деновиве, во спокојот на сопствениот - досега! - неказнет раскош, државно - политичкиот врв на Република Македонија, заедно со балистите од терористичката т.н. АНА (т.н. Албанска Национална Армија - види: запис од 9 мај 2003), прославуваат двегодишнина од злоделото наречено Рамковен договор или во оригинал: Framework Agreement - Concluded at Ohrid, Macedonia - Signed at Skopje, Macedonia on 13 August 2001! Во државата која исчезнува, ним и на нивните семејства и поколенија, им припаѓа – и проклетството на таа слава, и сјајот на тој ужас! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

30. КАДЕ Е ШТАБОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ?

ТАКА Е! 18 август 2003. - Министерот за одбрана во Владата на Република Македонија, Владо БУЧКОВСКИ, деновиве соопшти дека - според разузнавачки податоци “дефинитивно штабот на т.н. АНА не се наоѓа во Араќиново“ (село на периферијата на Скопје). Дефинитивно, од разузнавачки податоци, министерот - знае каде не е штабот на тероростите од т.н. АНА! И, дефинитивно, лично - не знае каде е! Така сака министерот! Тогаш кога министерот ќе го осознае она што и сега го знае, тогаш и разузнавачите ќе го осознаат она што и сега го знаат! Дотогаш, “членовите на штабот на т.н. АНА - нема да бидат членови на штабот на т.н. АНА“, туку ќе бидат министри во Владата и пратеници во Собранието на РМ...! Затоа, мудриот министер - не знае каде е штабот на т.н. АНА, а мудрите разузнавачи - знаат каде не е штабот на т.н. АНА! И се’ додека е така, во Македонија ќе биде - вака! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

31. МАКЕДОНСКИ ПАРАДОКС

ТАКА Е! 20 август 2003. - Во Република Македонија престојува Висок Претставник од Европската Унија. Инаку, таму, во Европа, нема обични претставници - сите се, најмалку, или Високи или Специјални! Според државниот протокол, Високиот Претставник е пречекан од - Претседателот од Македонија! Притоа, се води следниот партнерски(!) дијалог:

-      Да! Да, Ваша Екселенцијо! Да, така е! - вели Претседателот од Македонија.

-      Но, Претседателе од Македонија! Јас сеуште ништо не кажав! - вели Неговата Екселенција.

-      Да, Ваша Екселенцијо! Ништо не кажавте, но мислам дека имате намера нешто да кажете!

-      Да! Имам намера нешто да кажам!

-      Да, Ваша Екселенцијо! Тоа што имате намера да го кажете - така е! Така е, Ваша Екселенцијо!

Во Македонија - ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

32. НОСИТЕЛИ НА ПИШТОЛИ

ТАКА Е! 24 август 2003. - Деновиве, во Македонија, актуелна забава се пиштолите од Министерството за внатрешни работи, што државниот врв ги доделил на – државниот врв! Меѓу типичните претставници од врвот на криминализираната држава, како “носители на пиштоли“ се јавуваат и лицата: Киро ГЛИГОРОВ – два мандати претседател на Држава, Стојан АНДОВ – неколку мандати претседател на Собрание, Љубомир Д. ФРЧКОВСКИ – носител на министерски функции и на “шест пиштоли + карабин“ + т.н. експерт, Владо ПОПОВСКИ – носител на министерски функции + т.н. експерт... Во случајот, недостасува уште еден пиштол во рацете на лицето Борис Т. - сеуште претседател на Државата. Според одредени правила, пиштолот што се појавил во првиот чин, во вториот чин треба да биде и употребен. Затоа, а поради нивниот придонес во криминализирањето и во падот на државата Македонија, на “носителите на пиштоли“ им припаѓа и приликата за привилегирана употреба на пиштолите - сами себеси да го сторат она што на други го прават! “На вашиот врат да го видам она што вие на другите на врат им го ставате!“ - така говори еден запис од XVII век. Во третиот чин, ќе им припаднат и заслужените почести од - Благодарна Македонија! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

33. “ЛЕШИНСКИ ПАРФЕМ“

ТАКА Е! 26 август 2003. - Во Македонија допатува Г-н Џон Брутон, поранешен Премиер на Ирска и експерт за економија. Г-н Џон Брутон имал средби со Премиерот Бранко Црвенковски, со министрите за финансии и за економија Петар Гошев и Илија Филиповски и со претседателот на државата Борис Т., па вели: „Зборував со Премиерот, министрите за финансии и за економија, заменик Премиерот и со Претседателот, за деталите околу тоа како можат да се применат лекциите од Ирска овде во Македонија... Ќе и помогнам (на Македонија - м.з.) на кој било начин да привлече странски инвеститори и да постигнеме целосно вработување!“. Пак - нови лекции и за целосно вработување!? Се вели дека практиката е единствен критериум на вистината. А, практиката поучува дека во Македонија допатувале многу т.н. експерти, чија карактерна особина во ништо не се разликува онаа на македонските “експерти“ и на криминализираниот државно - политичкиот врв. На сите ним, заеднички именител им е - опиеност од мирисот “Лешински парфем“! Лешот е – Македонија! Ништо не се променило на подобро за да не биде и сега пак така! Нели е така? Нели е така - запрашал Платон! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

34. ВРВОТ НА ТЕРОРИЗМОТ Е – НА ВРВОТ!

ТАКА Е! 29 август 2003. – Во врска со тарористичките акти од албанските балисти во Македонија, Премиерот на РМ - Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, на 28-VIII-2003 година, изјави: “Од страна на Владата на Република Македонија, кон ваквите поединци и групи, ќе има една нулта толеранција и ќе се соочат со целосната жестокост со безбедносните органи на Република Македонија!“. На иста тема, неговиот министер за внатрешни работи - Хари КОСТОВ, на 19-VIII-2003, изјави: “Ние можеби малку одолговлековме со определени кривични пријави кои се подготвуваа“ и определени работи “во тој град и во регионот, во таа општина (Арачиново кај Скопје и “пошироко“! - м.з.), не ќе можат повеќе да се толерираат...“ Значи, Премиерот и министерот рекоа дека кон терористите - ќе има една нулта толеранција и не ќе можат повеќе да се толерираат! Што за ова би рекол извесен Ерик Берн (САД)? За оние од власта да постапат поинаку од она што до сега постојано го правеле - читај: толерирале! – треба: 1) да не се “професионални пациенти“, 2) да ја разбијат илузијата во себе дека “Еден ден ЌЕ...“ или “Следниот пат ЌЕ...“, и 3) да го променат своето внатрешното, лично сценарио! Така би рекол Берн! За да биде така, нивните “изјави за намери“ мора да ги издигнат на ниво на акт-акција против терористите од врвот и тоа – внимавај! - според “Список на првите педесет албански терористи во Македонија“! Затоа што, врвот на тероризмот е – на врвот! Така би рекол...! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

Септември 2003

35. ДРЕСУРА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ

ТАКА Е! 1 септември 2003. –Во формална организација на “UNESCO и други“, а со фактички печат “Направено во САД“ (Made in USA), во Охрид - Република Македонија, на 29-30 Август 2003 година, се одржа ДРЕСУРА - КАМП за Претседатели на држави, високи државни функционери и интелектуалци со специфични потреби! Официјалното име на овој камп е: Регионален форум ДИЈАЛОГ МЕЃУ ЦИВИЛИЗАЦИИ - Regional forum DIALOGUE AMONG CIVILIZATIONS. Работата на Форумот ја посетуваа и претседателите на држави: Борис Т. (Македонија), Георги ПРВАНОВ (Бугарија), Светозар МАРОВИЌ (Србија и Црна Гора), Стипе МЕСИЌ (Хрватска), Драган ЧОВИЌ (БиХ), Јанез ДРНОВШЕК (Словенија), Алфред МОЈСИУ (Албанија) и Ференц МАДЛ (Унгарија). Исто така, Форумот го посетуваа и Бранко ЦРВЕНКОВСКИ - Премиер на РМ и дамата Илинка МИТРЕВА - министер за надворешни работи на РМ. А, каква била практиката со дресурата во минатото, во некои други системи? Еве го одговорот, во тврдење кое отсликува цел еден поредок, од каде што и доаѓа: - Практиката на комунистичките, а уште пологично на фашистичките држави...подразбира дресура на поединците! - така, за “тоталитарните идеологии“ ни раскажува извесен I. Berlin (1949 г.)!  Дали сега не е така? Бесмислено прашање - така би одговорил еден класичен римски правник од II век. ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

36. АКО ИМА ДРЖАВА!

ТАКА Е! 3 септември 2003. - Албанските балисти од т.н. АНА, во втората половина на Август 2003 година, извршија повеќе терористички акти во Македонија. Меѓу останатото, терористите ги гранатираа и објектите на Владата на РМ, на касарната во центарот на Скопје и на Основниот суд Скопје-2 во Скопје. Поради тоа, заседаваше и Советот за безбедност и Владата на РМ. Истовремено, поголеми полициски сили беа ставени, и сеуште се’ во дејство во северниот дел на државата, за справување со - како што рече Премиерот Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, преку својот портпарол - “криминално-екстремистичко-терористички групи“, кои дејствувале на тој терен. “Ред беше и тоа да дојде на ред“ - ќе речат наивниот и блесавиот, верувајќи дека нешто се прави! Да, ќе беше ред и тоа да дојде на ред ако се’ е - по ред. А, ред е државата прво да се справи со албанските “криминално-екстремистичко-терористички групи“ кои дејствуваат на теренот на државните институции. Под услов - ако државата има институции. И, под услов - ако има држава! А, дали има - држава?... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

37. КОЈ Е ГОСПОДАРОТ?

ТАКА Е! 3 септември 2003. - Претседателот на Собранието на РМ, Никола ПОПОВСКИ, во врска со безбедносната состојба во државата, а по повод дејствувањето на албанските терористи, на 02.09.2003 година, како што му прилега на секој македонски функционер, ја искажа фразата: “Безбедносната ситуација во Македонија е под контрола на државните органи!“. Контролата секогаш оди заедно со - самоконтролата! Прашањето: кој ги контролира државните органи, дава одговор - кој е господар (контрола!)? Прашањето: колку контролираат државните органи, дава одговор - со што господарат државните органи (самоконтрола!)? А, реалноста е следна: безбедносната состојбата во Македонија не е под контрола на државните органи, затоа што државните органи - се под контрола! Причината е следна: државните органи во Македонија господарат онака како што сакаат, се’ додека господарат онака како што сака - нивниот господар! Тоа е приказна за - служените господа и господата слуги! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

38. ФУНКЦИОНЕРИ И СВЕДОЦИ!

ТАКА Е! 9 септември 2003. - На 08.IX.2003 година, во Собранието на РМ - како актери заслужни за падот на Македонија - се собраа голем број Дами и Господа, за да ги одбележат Дванаесетте години од Референдумот за независност на Македонија. Меѓу Дамите и Господата - со лик, дело и функциија - беа: Киро ГЛИГОРОВ, БОРИС Т., Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, Никола ПОПОВСКИ, Владо БУЧКОВСКИ, Илинка МИТРЕВА, Радмила ШЕКЕРИНСКА, Лилјана ПОПОВСКА и др. Како што прилега, за претставата да се игра до крај, на прославата не беа институционализираните претставници на албанскиот фашизам во Владата и Парламентот на Македонија. И, како што прилега, присутните си оддадоа највисоко признание за својата способност да се справат со воени и безбедносни закани, а притоа “Моравме да се справиме, а преку нив и да покажеме дека Република Македонија има државни институции способни да бараат и да наоѓаат излезни решенија...“ и дека “Изминатото време покажа дека Република Македонија...стана респектиран член на светската заедница и држава што има свое влијание во поглед на одржување на мирот и стабилноста на Балканот.“ Сите Дами и Господа имааат по “два сведока“ дека тоа е така, а секој од тие сведоци знае дека тоа не е така, но и секој сведок има свои “два сведока“ дека тоа е така! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

39. ПОТРЕСЕНИ ПОЛИТИЧАРИ!

ТАКА Е! 12 септември 2003. - Некои велат - светот, пак, е потресен! Прво се потресе во март 2003 г., кога во Белград со истрел од снајпер беше убиен Зоран ЃИНЃИЌ - Премиер на Србија. На 11 септември 2003 г., во Стокхолм, од задобиени убоди со нож, почина Anna LINDH - Министер за надворешни работи на Шведска. Светските државници, од сите земји во светот, го убедуваат светот дека - светот е потресен од атентатот! Но, кој свет е потресен? Реалноста е следна - потресени се само “обединетите“ светските државници, од сите земји во светот! Но, потресените воопшто не се потресени од убиствата на ЃИНЃИЌ и на LINDH! Потресените не се потресени толку ни од неизвесноста од одговорот на прашањето - кој е следниот? Историското искуство и практика, по правило, потврдуваат дека во вакви случаи фактичкиот убиец е меѓу - потресените! Клучот на потресеноста на потресените е во стравот од можноста нивната практика да започнат да ја практикуваат - непотресените! Или, потресените од нив! Нивниот ужас е - Законот за имитација! Тоа е главниот мотив во нивниот театар на екстремно хомогенизирана потресеност, со што се упатува порака и закана кон непотресените. Тоа се нивни игри, на потресените?! Ја знаат својата вина! И, во тие игри - внимавај! - едните потресени знаат зошто СЕ СЛУЧИЛ атентатот, а другите потресени знаат(!) зошто ИМ СЕ СЛУЧИЛ атентатот! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

40. ДРЖАВА - ЛИЧНА ТЕЗГА!

ТАКА Е! 14 септември 2003. - Во Македонија, на 15.IX.2002 година, се одржаа парламентарни избори на кои “победи“ партијата СДСМ со лидерот Бранко ЦРВЕНКОВСКИ. Потоа, СДСМ и албанските балисти од терористичките организации, формира коалициона Влада. Тој ден - по т.н. војна и по документот за велепредавство т.н. Framework Agreement - Concluded at Ohrid, Macedonia - Signed at Skopje, Macedonia on 13 August 2001” - го означи и ОФИЦИЈАЛНОТО ВЛЕГУВАЊЕ НА АЛБАНСКИОТ ФАШИЗАМ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ! Македонскиот народ повеќе од една деценија пропаѓаше во “провалијата меѓу проповедта и практиката“ на државниот врв, што заврши со дефинитивен пад на Македонската национална држава. По повод тој ден, сега и македонскиот календар за месец Септември наместо денот “15“ го има - “14а“. И, зошто се водат војни? Затоа што, како што ни открива мудриот разум: “Војната донесува повеќе отколку тезгата!“. Тоа е за оние кои - војуваат! А, што прават оние кои - не војуваат? Зошто се извршува велепредавство? Затоа што - велепредавството донесува повеќе отколку одбраната на државата, кога државата е - лична тезгa!!! Лична тезга на државно-политичкиот врв: на претседатели на Држава, на Влада и на Собрание + министри + пратеници +...! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

Септември 2003

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

14а

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

41. ИЗМАМНИЦИ И ИЗМАМЕНИ

ТАКА Е! 16-IX-2003. - Една година по колосалните ветувања и по парламентарната изборна измама, претседателот на “Групата? Бандата? Организацијата?“ со назив СДСМ, а сега и на Владата на Македонија, Бранко ЦРВЕНКОВСКИ, на 15.09.2003 година изјави: “Во овој момент имаме некои почетни резултати, меѓутоа не од оној тип што граѓаните би ги почувствувале во секојдневниот живот“. Фактот е следен - резултатите, катастрофално ги почувствува “граѓанинот!“ (читај: Македонецот!), а колосално ги почувствува “Групата? Бандата? Организацијата?“! А, што, за изјавата, би рекол N. Machiavelli? “Мудриот господар - запишал Макијавели (1513 г.) - не може и не треба да го почитува дадениот збор тогаш кога тоа почитување се пресвртува на негова штета… Владетелот секогаш може да најде соодветно оправдување за прекршениот збор… Измамникот секогаш ќе има кого да измами.“ Така е секогаш кога “господарот (Групата? Бандата? Организацијата?) разговара сам со себе“. И, како завршуваат ваквите приказни? “Затоа повеќето владетели ги убиле или поединци или сите заедно кога заедничката несреќа ги натерала да ги здружат своите гневови во еден.“ - така запишал L. A. Senecae (I век н.е.). Така било! Дали сега е така? Да - Не?... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

42. ШТО МОРА ДА ЗНАЕ ТВОЕТО ДЕТЕ?

ТАКА Е! 19-IX-2003. - Што е тоа нешто што секој родител мора да го знае и мора да го пренесе на своето поколение? Тоа мора да го стори, за децата, кога ќе пораснат, да не ја гледаат својата судбина со болка и без надеж, како што тоа сега го прават нивните родители во Македонија, и