| |||
|
| |||
|
Јануари
1. Само го кажувам – ова што го кажувам!
ТАКА Е! 5-I-2004.– Денес, во 2004-та, државата Република Македонија не е онаа држава што со векови ја создаваше и ја изгради Македонскиот народ, давајќи огромни жртви. Денес, во 2004-та, државата Република Македонија, е онаа држава што во изминатите 12 години ја разурнуваше и ја разурна Државниот врв на Република Македонија, ограбувајќи го и огромното богатство од жртвите – и од мртвите, и од живите! И денес, во 2004-та, Државниот врв во Македонија им суди и им пресудува и на мртвите, и на живите! Изминатите 12 години е време во кое и мртвите, и живите се нивни жртви! “Богатството за едни, значи сиромаштија за други!“ – стои во старите записи... Јас само го кажувам ова што го - кажувам! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
2. Проповеди и Проповедници!
ТАКА Е! 5-I-2004.– Кога станува збор за измамата и насилството од државната власт, познат е амбисот меѓу “проповедта и практиката“. Во тој “злококобен ритам“, и овие денови Македонскиот народ, уништен и понижен, држејќи се цврсто за најдолното скалило на сиромаштијата, ја слуша јавната проповед од Државната власт за “подобро утре“! “Проповедта е едно, а проповедникот е друго – се вели во стариот запис од 1580-та... Повеќе би сакал да го дознаам она што (извесен Владетел) стварно го рекол во муабетот со блиските пријатели во својот шатор, во очи на некоја битка, отколку говорот што утредента го одржал на своите војници!“ По ова, некој и би посакал да дознае што стварно рекле – на пример: Премиерот (Б. Црвенковски) или претседателот (Борис Т.) или министрите (на пример: В. Бучковски, Х. Костов, И. Митрева, Н. Поповски...) или извесни пратеници или “Ортаците на врвот“... – во меѓусебните муабети или во муабетите со своите Ортаци, отколку она што го говорат јавно пред народот! А, зошто “некој и би посакал да дознае“, кога во ова време се’ се знае: Државната власт ниту го говори она што го прави, ниту го прави она што го говори! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
3. Чудна војна се води во Македонија!
ТАКА Е! 8-I-2004.– Во Република Македонија се води вистинска војна! На една страна е ЛИКОТ на ограбениот, понижениот, физички осакатениот, духовно уништениот, згазениот под нозе... Тоа е ЛИКОТ од Колибата - ЛИКОТ на Македонскиот Народ!!! На другата страна е ЛИКОТ на Претседателот, Премиерот, министрите, пратениците и нивните Ортаци, со “варварска рамнодушност и егоистична суровост“, со “колосална алчност“; лик кој “граба се’ пред себе под заштита(!) на законот“ и се насладува на горчливото задоволство; лик кој постојано е премногу напарфимиран за да може да ја прикрие сопствената смрдеа...! Тоа е ЛИКОТ од Дворецот - ЛИКОТ на до крајност криминализираниот Државен врв & Ортаците, вклучувајќи ги, посебно, и членовите на нивните семејства! Во таа војна, Народот “војува самиот против себе“, а Државниот врв & Ортаците несебично, со измама и сила, го помагаат Народот во тоа “војување на самиот против себе“ - го милуваат го и гушкаат, за полесно да го задават (како што би рекол M. De Montaigne, XVI век)! Во Македонија се води таква војна, “која нас така отворено ни се покажува и со ништо толку не не’ чуди, колку со тоа дека таа состојба сеуште трае“ (цитат од 1845-та)!? Но, секоја приказна има и “втор дел“, па и оваа. А во приказните - ликовите ги менуваат своите улоги! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
4. Она што не биле, не можат да бидат?
ТАКА Е! 12-I-2004.– Највисоките претставници на државната власт во Република Македонија, деновиве се’ почесто можат да се забележат во црквите, манастирите, во близина на високите свештени лица, а – како што некои велат – и со Библијата во раце! Така, овие претставници се’ повеќе се доближуваат до крстот, “симболот на христијанското распетие, кое им претстои!“. Дали тоа што им претстои – што и да биде тоа! - ќе биде заради “она што биле“ или заради она што – тие велат - “престанале да бидат“? Или, дали заради она што “никогаш не биле“ или заради она што “секогаш биле“ или за она што “секогаш требало да бидат“?... Правилото вели дека ако “не биле тоа што требало да бидат, кога им било време тоа да бидат“, сега “веќе и не им е време тоа да бидат“! И, ќе биде тоа што “треба да биде“... Внимателно препрочитај, пак!... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
5. Добро работат, кога не работат!
ТАКА Е! 22-I-2004. – Што може човек да очекува од Владата и од Собранието на Р. Македонија, коишто одлучуваат за неговата судбина, кога со одлуки на Владата и на Собранието на Р. Македонија е доведен во состојба во која неговата судбина зависи од одлуките на Владата и на Собранието на Р. Македонија? Она што може да очекува да направат е – невозможно, а тоа е: и Владата и Собранието да не прават ништо! И Владата, и Собранието, и уличниот разбојник, кога не прават ништо, го прават токму она што најдобро треба да го прават! Пак, невозможно! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
6. Зошто е цитиран Премиерот?
ТАКА Е! 22-I-2004. – Деновиве, претседателот на Владата на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, при официјалната посета во Париз, Франција, рече: “Македонија е стабилна и безбедна земја!“ Четирите основни критериуми поради кои се цитираат исказите на некои лица се: 1. – Заради умноста во исказот (разумност, мудрост), 2. - Заради глупоста во исказот (идиотизам, непресметливост...), 3. – Заради лагата и измамата во исказот, и 4. – Заради фактот дека исказот е последен, претсмртен збор! Сега, цитиран е Премиерот на Р. Македонија!... Зошто?... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
7. Мудрец, Глупак, Измамник...?
ТАКА Е! 22-I-2004. – Ако во Република Македонија некој тврди дека: оваа Влада, или овој Премиер, или овој Министер, или ова Собрание, или овој Пратеник, или овој Претседател на Држава - е “она нешто добро“ што им се случило на Македонскиот народ и Држава...! Ако некој тврди така – дали тој што тврди така: или е мудрец, или е глупак, или е измамник, или “мечот му е под грлото!“, или е Премиерот, или е Министерот, или е Пратеникот, или е Претседателот, или е...? Одгатни – кој е тој што така тврди и најди се себеси: или како мудрец, или како глупак, или како измамник...! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
8. Верувај! Не верувај на Државна власт!
ТАКА Е! 28-I-2004. – “Никој кој не е будала или луд, никогаш нема да го оспорува авторитетот на искуството или да го отфрли тој голем водач на човечкиот род“ – вели мудрецот, кој живеел во средината на XVII век. Денес, во почетокот на III милениум, авторитетот на искуството што го има Македонецот во Р. Македонија во однос на Државната власт, воспоставува врвен критериум што му овозможува “никој да не го прави будала или луд“! Имено, проблемот е во судирот меѓу авторитетот на искуството од една страна, и авторитетот на Државната власт од друга страна! Авторитетот на искуството поучува дека секогаш кога Македонецот ќе поверува во авторитетот на Државната власт - кога власта го убедува дека работи во интерес на народот и на државата! – и секогаш кога Македонецот ќе се согласи со потезите на власта, тоа е сигурен показател дека Државната власт од Македонецот направила она што и сакала да направи – будала или луд Македонец!... Не верувај на Државната власт...! “Подобро е да се биде будала по свој избор, отколку по туѓа измама!“ – така пишува! ТАКА Е (Концепт, М. Арсениевски)
9. Трагите зад нив!
ТАКА Е! 29-I-2004. – Еве еден запис од најстаро време: “Езоп, оној голем човек, го здогледал својот господар како мочал шетајќи. ‘Што, рекол тој, зарем ќе мораме да вршиме голема нужда трчајќи?’ Го користиме времето најдобро што можеме!“ Така, со едноставни зборови мудрецот “го запрел времето“ во кое живеел и го оставил за поука за идната историја на човековиот род. Понатака, иднината го препознава и го цитира “запреното време“. Проекцијата на тоа време стасува до современата Македонска историја. Државната власт на Република Македонија, за разлика од Големиот човек Езоп, не поставува прашање на своите господари, било каде тие и да се - во Париз, Брисел, Лондон, Вашингтон, или во Тирана! Државната власт на Република Македонија, гледајќи го личниот печал, го користи времето најдобро што може и – трча! Трча по своите господари, оставајќи ги трагите на нивното “запрено време“ во Македонија! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
Февруари
10. Нерасипани функционери – во расипано време!
ТАКА Е! 4-II-2004. – Мудрецот од старо време запишал дека човекот мора да се научи да го поднесува она што не може да го избегне! А, човекот, покрај многуте нешта, не може ниту да го одбегне, ниту да го одбере времето во кое се раѓа и живее. Кога веќе не можеш да одбереш, тогаш “не е лошо да се родиш во многу расипано време, оти во споредба со друго, вие за мали пари постигнувате да ве сметаат за доблесен човек!“. Така ни кажува записот од XVI век... Не е лошо да се родиш и да живееш и во ова денешно расипано време во Република Македонија, оти во споредба со друго, вие, ако сте: Претседател, Премиер, Министер, Пратеник, или нивни Ортак и нивни Род, тогаш и било какво злостодело да сторите, постигнувате сите Државни институции да ве сметаат за доблесен човек! Така, вие сте чудо, бајка и историја! Така, вие сте: нерасипан функционер – во расипано време во Република Македонија! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
11. Малата вредност на власта!
ТАКА Е! 6-II-2004. – Државно - политичката власт на Република Македонија, со реализирање на т.н. Рамковен Договор од 2001-та, потпишан со една терористичка организација на албанскиот фашизам, “по секоја цена!“ го спроведува техничкиот дел од распадот на Државата. По секоја цена!!! “Малку вредност има сето она што има своја цена“ – запишал Фридрих Ниче (F. Nietzsche) во 1881-та! Со реализирање на т.н. Рамковен Договор “по секоја цена!“, исчезнува - нешто кое нема цена! Тоа нешто, кое нема цена е - Македонската држава! Исчезнува Македонската држава!!! А, државно - политичката власт на Република Македонија има “своја цена!“. И, малку вредност има она што има своја цена! Малку вредност има државно – политичката власт на Република Македонија! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
12. “Милион Долари!“
ТАКА Е! 9-II-2004. – На почетокот, во Република Македонија беше вака: за да можеш да украдеш “Милион долари“ од Народот, беше потребно да го претставуваш Народот во Државната власт и тоа во својство на “било каков“ претседател или пратеник или министер или амбасадор или...! Денес, во Република Македонија е вака: за да го претставуваш народот во Државната власт и тоа во својство на “било каков“ претседател или пратеник или министер или амбасадор или..., треба да имаш украдено “Милион долари“ од Народот! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
13. Единство на Потписите и Печатите!
ТАКА Е! 9-II-2004. – Ова е приказна од Македонија, забележана според вистински настани! Настаните се случуваат во денешно време, во Државата и во Државните институции! Имињата на личностите не се наведени, оти се познати и на сите читатели-сведоци, а ќе бидат познати и на потомството! ... Настаните течат како што следи во текстот. Владата на Државата, составена од Премиер и петнаесетина министри, поднесува Предлог - Закон до Собранието на Државата и тоа го потврдува со свој потпис! Собранието на Државата, составено од 120 пратеници, по изведување на претстава за народот, го донесува Законот и тоа го потврдува со свој потпис! Претседателот на Државата со Указ го прогласува Законот и тоа го потврдува со свој потпис! Потоа, Законот се објавува и стапува во сила... По “свршениот чин“, читателот-сведок, сега и во улога жртва во приказната, ги гледа печатите ставени покрај потписите – ги гледа печатите на Албанскиот фашизам! Ги гледа...!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
14. Државата Македонија - не е Држава...!
ТАКА Е! 9-II-2004.– Денес, државата Република Македонија не е Држава, каква што беше определена од духот на Македонскиот народ низ историјата и со Референдумот за независност и самостојност во 1991 година! Денес, државата Република Македонија не е Држава, каква што ќе биде – по следната војна!!! Денес, државата Република Македонија – НЕ Е ДРЖАВА...!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
15. Не постои Држава со таков Претседател...!
ТАКА Е! 25-II-2004. - Не можам да тврдам дека ДРЖАВАТА Република Македонија има Претседател! Не можам да тврдам дека ДРЖАВАТА Република Македонија има Влада! Не можам да тврдам дека ДРЖАВАТА Република Македонија има Собрание! Не можам да тврдам дека ДРЖАВАТА Република Македонија има министри и пратеници... Затоа што – таква ДРЖАВА НЕ ПОСТОИ! Не постои таква ДРЖАВА со таков Претседател, со таква Влада, со такво Сообрание, со такви министри, со такви пратеници... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
Март
16. Кој е следниот?
ТАКА Е! 7-III-2004. – Лицето Борис ТРАЈКОВСКИ, коj од 15 декември 1999-та себеси се претставуваше како “Неговата Екселенција Претседател на Република Македонија“, на 26 февруари 2004-та го загуби животот во близина на градот Мостар, Босна и Херцеговина, при уривањето на авионот со кој патувал. Погребот на лицето Б. ТРАЈКОВСКИ беше извршен во Скопје на 5 март 2004-та. Причините за уривањето на авионот, засега, за јавноста остануваат непознати. Некои тврдат дека лицето Б. ТРАЈКОВСКИ “го загубил животот“ долго време пред критичниот настан. Тоа нешто требало да го знае и тој самиот или, барем, требало да го има тоа во предвид, уште од времето кога влегол, односно кога бил внесен во туѓа, немакедoнска приказна наречена “Играта Македонија“! Во оваа приказна ја одигра определената улога со која и самиот се согласил – улога, не на ривал, туку на противник на самиот себе!!! Таа игра, “Играта Македонија“, експертите ја класифицираат како “игра од трет степен“, кадешто уште од почетокот е познат крајот на толкувачот на таквата улога, којшто по правило завршува на еден од следните три начини: 1. Или во судница, 2. Или во болница, и 3. Или во гробница! Настаните тоа го потврдуваат!... Приказната “Играта Македонија“ продолжува... КОЈ Е СЛЕДНИОТ?... Дали е така?... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
17. Дали се согласуваш со кандидатот за Претседател?
ТАКА Е! 10-III-2004. – Во Република Македонија се закажани избори за Претседател на Државата. Процесот на овие т.н. слободни и фер избори, како “Голема Измама на Демократија“ е веќе започнат, а финалето треба да се одржи на 14 април 2004 година!... “Што може да стори вистината спрема магијата на лагата?“ – се запрашал еден мудец од старите времиња. “Како да се измамат (читај: како да се надитрат) измамниците?“ – се прашува друг мудрец. Како да се открие магијата на измамата наспроти простата вистина? Тогаш кога ќе откриеш дека се согласуваш со “мудростите“ на кандидатите за Претседател, тогаш си веќе измамен!!! Така е запишано! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
18. Договор (I)
ТАКА Е! 17-III-2004.– За сето она што го прави и што не го прави дури и кога мора да го прави, “политичката елита“ и Државната власт на Република Македонија, смета дека такво право има според некој – Договор со Народот!... Еве ја содржината на таквиот Договор со Народот, онака како што е прикажан и раскажан од “политичка елита“ и од Државната власт на Р.М. Целиот Договор е сублимиран во една реченица и гласи вака: “Имам договор со мојот народ: тие можат да кажат што сакаат, а јас можам да правам што сакам!“. Така рекол и извесен Фридрих Велики!... Сликата и делото од автолегитимираната “политичка елита“ и Државна власт нa Р.М. се гледа во следните три реални ефекти: Прв ефект: - Тие веруваат дека се среќни луѓе!; - Втор ефект: - Разурната Македонија; и Трет ефект: - Кажете им на своите деца - зошто не се среќни деца! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
19. Договор (II)
ТАКА Е! 17-III-2004. – Некој рече дека Македонија има - политичка елита! На што – елита!? Некој рече дека Македонија има - Државна власт! На што – Државна власт!?... Меѓу “политичката елита“ и Државната власт на Република Македонија, од една страна, и нивните големи пријатели(!?) од Администрацијата на USA & Co., од друга страна, односите се регулираат со – ДОГОВОР, чија содржина го има ефектот на Библијата! Според тој договор, “политичката елита“ и Државната власт на Р.М. имаат дозвола да прават се’ што сакаат и имаат право сами да одлучуваат – се‘ додека “политичка елита“ и Државната власт на Р.М. прават и одлучуваат - онака како што сакаат и како што одлучуваат нивните големи пријатели(!?) од Администрацијата на USA & Co.!!! Тие се сериозни луѓе! Tие се “политичка елита“! Тие прават се’ што сакаат!... Реалните ефекти на ваквата манипулација се следните: Прв ефект: - Тие веруваат дека се среќни луѓе!; - Втор ефект: - Разурната Македонија; и Трет ефект: - Кажете им на своите деца - зошто не се среќни деца! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
20. Сериозна приказна од Република Македонија!
ТАКА Е! 22-III-2004. – Кој е тој сериозен човек во Република Македонија, којшто сериозно ја сфаќа државно-политичката власт на Република Македонија, дека таа државно-политичка власт е сериозна државно-политичка власт на Република Македонија? Кој е тој сериозен човек во Република Македонија, којшто сериозно го сфаќа изборот за Претседател на Република Македонија дека изборот за Претседател на Република Македонија е сериозен избор за сериозен Престедател на Република Македонија? Кој е тој член на државно-политичката власт на Република Македонија, којшто себеси сериозно се сфаќа дека е член на сериозна државно-политичка власт на Република Македонија? Кој е тој кандидат за претседател на Република Македонија, предложен од државно-политичката власт на Република Македонија, којшто себеси сериозно се сфаќа дека е сериозен кандидат за сериозен претседател на Република Македонија?... Сериозната приказна е започната пред милениуми, а денес, во Македонија, продолжува… Продолжува! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
21. Голем наук е – да не бидеш глупак!
ТАКА Е! 29-III-2004. – “Да се увиди дека сме рекле или направиле некоја глупост, тоа не е ништо; треба да се увиди, пред се’, дека сме глупаци, а тоа е наук многу поширок и поважен“! Така вели запишаниот пример од старите времиња... И, сега се враќаме во денешно време! Ако Македонецот – гласач увидел дека направил глупост со тоа што гласал на некои од досегашните т.н. “демократски и слободни избори“ во Република Македонија – тоа, за некого сеуште(!) не е ништо! Но, ако, и покрај увидената направена глупост, пак одлучи да го користи “правото на глас“ на претстојните т.н. “Претседателски избори 2004“, значи - не увидел дека е глупак!... А, ете, има можност на 14 април 2004-та барем во еден поглед да одлучи да не биде - глупак! Тоа е голем наук – да не се биде глупак!!! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
22. Ѕверовите имаат свои дувла...!
ТАКА Е! 30-III-2004. – Следи ги членовите на Државната власт на Република Македонија! Следи го својот водич! Секогаш! Следи ги – до крај! Следи ги, но – не kако слеп следбеник! И, следи ги - до крајност!!! Онака “како што се следи злосторник“! И онака како што ловецот следи! Следи ги - се’ до нивното дувло! “Дивите ѕверови имаат свои дувла...“ – така зборувал извесниот учен човек Тиберие Грах (162-133 стара ера), појаснувајќи: – Сиромаштијата го плаќа со живот безделничењето и уживањето на богаташите...“! И - не треба секогаш се’ да се рече! Така вели еден стар запис! Но, треба да се запише – дел по дел! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
23. Кој е првиот збор за зборот Министер...?
ТАКА Е! 31-III-2004.– Зошто во Република Македонија, кога бараш друг збор за да претставиш еден лик на криминалец, на злосторник, на одмаздник, на измамник, на корумпиран, на лакрдијаш… и слично, веднаш и секогаш таквиот збор и лик ги наоѓаш на “насловната страна“. И, секогаш го наоѓаш зборот “Државна власт & Ортаци“ во ликот на Претседател – кој и да е, на што и да е!, на министер, на пратеник... Тоа е еден лик и – различни маски!... И, наопаку – кој е првиот збор за да претставиш лик на еден Претседател, министер, пратеник...? Така е, затоа што - е така! ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)
Април
24. Премногу добри - за овој свет!
ТАКА Е! 5-IV-2004.– За “Претседателските и