Tака е!  2005

 

ЈАНУАРИ


1. ВЛАДАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА ИМА “И СТИЛ, И ДРЕС“!

TAKA E! - 4 јануари 2005. – Овој запис не е за информација! Овој запис и не може да биде суштина на информација!... Тортура во било која држава, не е предмет на информација... А, сознанијата и фактите говорат за состојба на тортура во периодот од две години на владеење на последните три Премиери на Република Македонија (Б. Црвековски + Х. Костов + В.Бучковски), кога повеќемина државни службеници - Македонци се подложени на - изолација, пресија, деградација!!! Тоа трае и сега!... Тортурата не е содржина на информација! Тортурата и не може да биде суштина на информација! Тортура е “и стил на живеење, и дрес за распознавање“! ... Владата на Република Македонија има “и стил, и дрес“!... И, овој запис не е за информација! Овој запис и не може да биде суштина на информација! ... Овој запис е сведоштво “за стилови, за дресови!“ ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

2. ЗА ДАТУМОТ – ТИЕ НЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СВЕДОЧАТ?

TAKA E! - 4 јануари 2005. - Крим-тимот “Државен врв & Ортаци“ влегува во новата 2005 година, јавајќи на ужасната мудрост, според која својот интерес да бидат “богати и среќни луѓе“ и понатака ќе го прикажуваат како интерес на понижениот, ограбениот и несреќниот Македонски Народ! Така, лицето Бранко Црвенковски, кој и понатака се претставува како претседател на Државата, за 2005-та година вели: “Највисок приоритет во сите програми и планови добија борбата против сиромаштијата и невработеноста...“! И, истовремено, лицето Владо Бучковски, кој и понатака се претставува премиер на Државата, на крајот од годината вели: “Денес многу наши граѓани се без работа и немаат услови за достоинствен живот. Денес илјадници семејства имаат толку ниски приходи, што бедата секојдневно се надвива над нив, како темна сенка. Денес нашите луѓе мака мачат да обезбедат елементарна егзистенција, да ги платат сметките и да ги школуваат своите деца.“! Државниот крим-тим сеуште не одговорил на прашањата: 1) - Кој е нивниот дел во бедата, во сиромаштијата, во невработеноста, во немањето услови за достоинствен живот, во маките што ги мачи Македонскиот Народ, во целина и поединечно; и 2) Кој е делот од богатството и раскош на државниот крим-тим, а што е насилно одземен и што му припаѓаат на Македонскиот Народ, во целина и поединечно? ... Кога подобро ќе се размисли, споменатите лица и не мора да одговорат на поставените прашања. Затоа што, природно и просто, тогаш кога е потребно – внимавај! - одговорите сами ќе стасаат до нив! “И, тогаш, за датумот кога тоа ќе се случи – тие не ќе можат да сведочат!“ – така би рекол извесен учен човек!... Препрочитај и размисли! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

3. СИЛАТА ИМА ЕДНА ВИСТИНА - НАСИЛСТВО!

TAKA E! - 4 јануари 2005. – Има многу вистини! Тоа се вистини: и на разумот, и на фактите, и на вербата, и на науката, и на филозофијата и на религијата... Секоја од овие вистини спокојно може да го потврди единството и согласноста за ужасната состојба дека државата Република Македонија има своја Мафија, а Мафијата има своја Држава. Но, ниту една од овие вистини не може да ја собори вистината за “пречесноста“ на Државната Мафија на Република Македонија! Силата има само една вистина – насилството! Затоа - голема е разликата меѓу вистините - дали мечот ти е над главата или ти е под нозете!. Силата не може да биде соборена со некоја вистина, затоа што вистината, сама по себе, не е сила. “Силата може да биде соборена само со друга сила, а не со некои принципи...!“ – така стои во старите записи. А, настаните потоа, се познати од други записи... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

ФЕВРУАРИ

4. ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НИМ ИМ НОСИ ПОВЕЌЕ...!

TAKA E! – 14 февруари 2005. – Петнаесетина години по независноста и самостојноста на Република Македонија од 1991-та, запишано е следното тврдење: “Велепредавството носи повеќе отколку одбраната на националните и државните интереси на Македонскиот народ! Одбраната на велепредавството носи повеќе отколку одбраната на националните и државните интереси на Македонскиот народ!“ За сега, тие што тоа го сториле – тоа најдобро го знаат! ... Пред неколку века, еден голем ум запишал: “Нацијата е продолжено – ЈАС!“ Денес, лицата кои се претставуваат како водачи на Република Македонија – претседатели + министри + пратеници + “интелектуалци“ + “политички бизнисмени“... – можат да ја запишат и да ја опишат својата автобиографска мудрост во пет збора: “Велепредавството – е наше продолжено ЈАС!!!“ Тоа е – нивно! На нивниот разум припаѓа и честа, и вината, и судбината... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

5. КАКО ДА МУ СУДИШ НА МРТВО КУЧЕ!

TAKA E! – 14 февруари 2005. – Кога се говори за Александар Македонски, за Цезар, за Христос, за Нерон, за Наполеон, за Хитлер или за Сталин - може да се говори со восхит или со омраза, може да се величаат или да се кудат, да се слават или да се проколнуваат... Но, не може едно нешто да се стори! Не може да бидат обвинети, да бидат судени, да биде пресудено! Да се стори тоа, таквиот чин е “исто толку разумен, како да му се држи проповед на некое дрво“, на некој камен, на некое мртво куче... Но, затоа, за “Крим-тимот“ во Република Македонија, олицетворен во “Државен врв & Ортаци“, може да се говори со восхит или со омраза, може да се величаат или да се кудат, да се слават или да се проколнуваат... А, може и уште едно нешто да се стори! Може да бидат обвинети, да бидат судени, да биде пресудено... Таква можност треба да им се пружи “сега и овде“ (Ерик Берн), зашто еден ден и тие ќе бидат “некое дрво, некој камен, некое мртво куче“... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

6. ТОРТУРА, КАКО СОСТОЈБА ШТО ТРАЕ!

TAKA E! – 14 февруари 2005. – Пред повеќе од еден месец беше објавено тврдењето дека во Владата на Република Македонија се врши тортура врз повеќемина највисоки државни службеници – Македонци! За потсетување и за долго паметење, пак се објавува дека претседател на Владата на РМ е лицето Владо Бучковски! ... Денес, не може да се тврди дека тортурата продолжува! За да може да се тврди дека тортурата продолжува, претходно треба да била прекината! А, тортурата не била! Тоа што не е прекинато - не може да продолжи! Тоа значи дека - тортурата трае! И, не говорам толку за тортурата која трае, колку за оние кои прават тортурата да биде состојба која трае, но и за оние кои таа состојба ја трпат! “Човек мора да научи - запишал мудриот Монтењ (M. de Montaigne) во 1580-та - да го поднесува она што не може да го избегне!“. Друг мудрец појаснува зошто е така, и тврди дека - и злото и доброто имаат рок на траење! А, рокот ќе измине. И, што потоа? “Од она што го прават ЛИЦАТА НА ВЛАСТ следи и судбината на ЛИЦАТА НА ВЛАСТ, и не останува ништо друго!“ – се вели во записот на мудроста... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

МАРТ

 7. ЗА РЕЖИМОТ НА “ДРЖАВНИОТ ВРВ & ОРТАЦИТЕ“!

9 март 2005. TAKA E! – Еден од големите умови, кои оставиле траги во светската историја на човековиот род, по падот на режимот на фашизмот во Втората светска војна, ги анализирал двата владеачки светски режими во светот – капитализмот и комунизмот! Како современик и сведок – очевидец на трите облици на владеење, во шеесетите години на XX век констатирал дека – овие два режими, капитализмот и комунизмот, се поужасни од – фашизмот!!! Ако се согласиме со ваквото тврдење на големиот ум, тогаш, како сведоци на режимот во оваа историска фаза низ која минува Македонскиот Народ и неговата држава Република Македонија - што можеме да констатираме? Можеме да констатираме дека режимот што го практикува владеачката група претставена како “Државен врв & Оратци“ на Република Македонија – читај внимателно! – е поужасен од двата режими за кои говори големиот ум!!! ... Да!!! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

8. ТЕРОРОТ, ВО ВРЕМЕТО КОГА СЕ ВРШИ, НЕ Е ПРИКАЗНА!

9 март 2005. TAKA E! – Среќна е оваа македонска генерација на која и припаѓа и славата и проклетството да има т.н. државни водачи онакви какви што ги има! Среќна е оваа генерација што ги има лицата чии имиња се запишани во заграда – (Бранко Црвенковски + Владо Бучковски)! Среќна е оваа генерација што ги има лицата чии имиња овде не се запишани ни во заграда, а се, или биле, познати министри, претседатели, пратеници и слични на нив... Велам - среќна е оваа генерација, затоа што, благодарение на фактот што ги има ваквите лица, можеби е единствена генерација во историјата на човечкиот род, која има можност директно - “во живо“ да осознае како изгледа во реалноста она што се кажува во романите, во филмовите, во приказните, во поезијата, во историјата... Среќна е оваа единствена генерација што може да осознае како изгледа монструозна измама, алчност, терор, грабеж, насилство, глад, беда, сиромаштија, капитулација, велепредавство... И, сето тоа собрано на едно место, во една држава, во еден народ... Теророт, во времето кога се врши, не е приказна... И, сега, ова не е роман, ова не е поезија... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

9. АКО САМО ГЛЕДАШ, АКО САМО СЛУШАШ...

9 март 2005. TAKA E! – Јас само ви кажувам... Ако САМО ГО ГЛЕДАШ богатството на државниот крим-тим на Република Македонија, сигурно е дека нема да бидеш побогат! Ако САМО ГИ СЛУШАШ измамите на државниот крим-тим на Република Македонија, сигурно е дека ќе бидеш измамен!... Овие кратки лекции и примери се од неприкосновената историска практика, а ова е само нивна проекција во Македонија! И, ако и понатака само гледаш и ако само слушаш, значи дека - ниту гледаш, ниту слушаш! Ниту си ги научил лекциите, ниту си ги разбрал примерите... “Јас ништо не докажувам – се вели во еден запис - јас само ви кажувам!“... Учи!!! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

10. БЕЗ СМЕЕЊЕ, БЕЗ АПЛАУЗИ – АКО МОЖЕ!

18 март 2005. TAKA E! – Деновиве светот е сведок на уште една македонска лакрдија, а Македонците се современици на уште една сопствена  трагедија. На јавната сцена се т.н. Влада на Република Македонија којашто на Меѓународниот кривичен суд во Хаг предаде(!) двајца Македонци: Љубе Бошкоски – поранешен министер за внатрешни работи во Владата на РМ, и Јохан Тарчуловски – вработен во Министерството за внатрешни работи. Двајцата предадени Македонци беа меѓу оние личности кои во 2001-та година се обидоа да ги одбранат Македонскиот Народ и Државата од агресијата извршена од коалицијата: албански фашизам + НАТО + ЕУ! Од 2001-та година, печатот на албанскиот фашизам и официјално постана “заштитен знак“ на членовите на т.н. Државен врв на Република Македонија.. Откако беа предадени, претседателот на Владата на РМ – верувале или не! Читај внимателно! – сериозно загрижен, онака како што и му доликува на секој кој нешто ќе предаде, јавно соопшти дека - Владата на Република Македонија ќе изгради став и ќе ги преземе сите потребни активности за правна заштита и за финансиска поддршка за ангажирање бранители... Некој рече: “Ве молам – без смеење и без аплаузи! Ако може!“... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

11. ЈАСЕН ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИ!

18 март 2005. TAKA E!  – Како што соопштува светот, забавата на оние што се забавуваат со активностите на Меѓународниот кривичен суд во Хаг – трае и понатака. Судот подигнал обвинителен акт против двајца Македонци: Љубе Бошкоски – поранешен министер за внатрешни работи во Владата на РМ, и Јохан Тарчуловски – вработен во Министерството за внатрешни работи, кои во 2001-та година се обидоа да ги одбранат Македонскиот Народ и Државата од надворешна агресија (види запис: БЕЗ СМЕЕЊЕ, БЕЗ АПЛАУЗИ – АКО МОЖЕ!). Морам да признам дека сеуште не сум го прочитал поднесениот обвинителен акт. Но, тоа не значи дека неможе да се даде суд – за Судот! Познавајќи ги принципите и концептите на работата на овој суд (за тоа пишував и во 1999-та), со сигурност можам да тврдам дека овој обвинителен акт е: чист, бистар, јасен... најчист, најбистар, најјасен... ПРОЅИРЕН!!! Да!!!... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

12. ВНИМАВАЈ КАДЕ ПЛУКАШ!

            30 март 2005. TAKA E! – Читам за Диоген (V-IV в.п.н.е), а пишувам за Државниот врв на Република Македонија (2005-та)! Така, го читам записот за Диоген: “Еден ден некој човек го однел во една раскошно опремена куќа и му рекол: - Внимавај да не плукнеш долу!“. Диоген, кој почувстувал потреба да плукне, го плукнал во лицето, велејќи му дека тоа било единственото нечисто место што го нашол да плукне!!! А, вака, запишувам за Државниот врв на РМ: “Еден ден, членовите на Државниот врв на РМ однеле извесен Диоген во една од своите раскошно опремени палати што ги изградиле во монструозниот поход на разурнување на Република Македонија, и на илјадници домови и семејства по осамостојувањето на Државата во 1991-та, и му рекле: - Внимавај да не плукнеш долу!!!“. Извесниот Диоген почувстувал потреба да плукне, и – плукнал... во единственото нечисто место што го нашол да плукне!... Толку!... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски) 

АПРИЛ

13. ЗА ГЛАДТА, ЗА ЛЕБОТ И ЗА ЛИЖЕЊЕТО!

             5 април 2005. TAKA E! – “Неможе да ја избегне гладта оној кој лиже нацртан леб!“ – запишал теолошкиот филозоф Аврелиј Августин (354-430 г.)... А, што се случува денеска во Македонија? Крим-тимот наречен “Државен врв & Ортаци“ на Република Македонија, веќе петнаесетина години, лижејќи ги “Симболите(!) на Европа“ од секаков “род и сој“, ја разурна државата, и, со ужасно насилство и измама, понижи и жртвува 1.000.000 - еден милион Македонци, притоа ограбувајќи ги и растурајќи ги нивните домови, уништувајќи ги нивните семејства... Државниот крим-тим, презадоволен во уживањето и во неказнетиот раскош, на гладниот, понижениот и прегазениот народ му ја раскажува приказната за задоволството од лижењето на “Симболите(!) на Европа“. Тие веруваат дека - народот мора да им верува по секоја цена и да ја “лиже“ нивната приказна и дека заради тоа: “Ќе се натераат луѓето со сила да веруваат!“ (Н. Макијавели, 1513 г.). И сето тоа, само за задоволството што на членовите на крим-тимот им го причинува лижењето на “Симболите(!) на Европа“... И лижењето, и приказната продолжуваат... А, на почетокот збор беше за гладта, за лебот... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

14. СЕ Е ЛЕГАЛНО – ПО ВОЛЈА НА “ДРЖАВНИЦИТЕ“!

11 април 2005. TAKA E! – Денес во Македонија е вака: - Демократското, законското и природното право на Македонецот нема никаква вредност против демократското, законското и природното право на Државниците на Република Македонија!... Денес во Македонија е вака: - Секоја одлука што ја донесуваат Државниците на Република Македонија е легална, бидејќи е донесена според волјата на Државниците! Така би рекол кралот Луј XVI од Франција! Така било и во 1788 година во Франција, по волја на Луј XVI... Денес во Македонија е вака: - Волјата на Македонецот нема никаква вредност против волјата на Државниците на Република Македонија!... Денес во Македонија е вака: - Единствен инструмент за остварување на правото и на волјата е - силата. “Правото е во силата!“, и: “Јас не познавам друг критериум!“, освен силата сочинета од: “Штитот, мечот, омразата и одмаздата!“ – размислувале и запишале тројца мудреци. А, така, денес Државниците на Република Македонија донесуваат државнички легални одлуки – според волјата на Државниците!... И, се додека “штитот, мечот, омразата и одмаздата“ се таму каде што се, дотогаш ќе биде вака, како што е! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

15. РАСИПНИЦИ БЕЗ СТАРАТЕЛИ!?

13 април 2005. TAKA E! – Така се работи – во Македонија! Никој од Државниот врв не го работи она што би требало да го работи, и што е уште потрагично, се фали со тоа што го работи... А, еден пример кажува како се работело во Рим, во времето пред два милениумa, кадешто се работело онака како што требaло да се работи! Тогаш, се вели дека – граѓаните кои неразумно го трошеле имотот наследен по законски пат, можеле да бидат лишени од деловната способност и биле ставани под старателство! Читам и понатака, па се вели: “Во класичното римско време за РАСИПНИЦИ (prodigi) можеле да бидат прогласени и лица кои го растурале имотот, ако го наследиле и по пат на тестамент. На ваквите РАСИПНИЦИ надлежните државни органи им одредувале старател (curator).“ Така, се вели, се работело – во Рим! И, каква врска има Македонија со Рим. Како и да сметаш, и да гледаш, и да читаш, во тоа време и Македонија била под власта на Римската Империја и во Македонија владеело Римското право. Според тоа, разбирливо е дека и во Македонија во тоа време, РАСИПНИЦИТЕ-Македонци, кои неразумно го трошеле и го растурале имотот – биле лишувани од деловната способност и биле ставани под старателство... Денес, вака се работи – во Македонија: членовите на Државниот врв, предадени на “веселата забава на сопствениот ум“, безумно го трошат имотот на понижениот и ограбениот Македонски Народ, а со “ужасот на злокобниот ритам“ го довршуваат растурањето на Македонската Држава! ... И, кој ги спомена “надлежните државни органи“, кои на РАСИПНИЦИТЕ им одредувале старател? Рим! Рим, ги спомена!... Ова не е Рим. Ова е Македонија! Во Македонија РАСИПНИЦИТЕ имаат туѓи(!) старатели! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

16. ЗА ИМЕТО - МАКЕДОНИЈА, СЕТИ СЕ НА 1993-та!!!

16 април 2005. TAKA E! – Секоја промена на религијата, на нацијата, на срцето и на умот, секогаш може да има трагични последици! Така е запишано... А, една таква промена се случи во 1993-та година. Од тогаш, Република Македонија за “меѓународната заедница“ не е Република Македонија, туку е FYROM – ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија! Сета вина и слава за промената на името на Државата им припаѓа на умот и разумот на Државниот врв на Република Македонија, на тогашните претседатели на Државата и на Владата – Киро Глигоров и Бранко Црвенковски и на нивните ортаци “по вина и чест“! Второто лице, Б. Црвенковски, денес се претставува како претседател на Државата... По дванаесет години од измамата од 1993-та, “спорот за името“ на Република Македонија со Грција и “меѓународната заедница“ пак е врвна тема. Пак, истата групација што ја доведе Македонија на дното, а себеси на врвот! - е категорична дека нема да има промена на уставното име на Државата... Што вели разумот, искуството и практиката? “Разборитоста наложува никогаш потполно да не им веруваме на оние кои еднаш не измамиле“ – запишал Рене Декарт во 1641-та. “Сите заклучоци од искуството се темелат на претпоставката дека иднината ќе личи на минатото и дека ќе бидат здружени слични сили со слични сетилни својства.“ – така тврди Дејвид Хјум во 1751-та. Секојдневната практика отворено, видливо и без исклучок ја порекнува нивната “проповед“, а Македонскиот Народ и Македонската Држава пропаѓаат во провалија меѓу нивната проповед и практиката! Тоа се ТИЕ! Не “не еднаш не измамиле“ и пак “ќе бидат здружени слични сили со слични сетилни својства.“ Тие се ТОА! ... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

17. ДЕМОКРАТИЈА НА “ТАВАТА И ОГНОТ“!!!

21 април 2005. TAKA E! – Мудрите и чесни политичари од Државниот врв на Република Македонија, покрај сето друго – внимавај! – дури се и паметни! Така, деновиве, еден истакнат претставник од блескавите актери на истакнатиот Државен врв, обидувајќи се да ги покаже височините на нивната демократија, ја извикна длабоката мисла: “Демократија е да имаш право на избор!“. Премногу високо е оваа демократија! И, од дното, каде што го глуми сопствениот живот, Македонецот неможе ниту да ги одгатне, ниту да ги досегне врвовите на нивната демократија! Во оваа историска фаза, на Македонецот, кој не е нивни ортак и слуга, ја гледа бруталната реална понуда што доаѓа од Државниот врв -  да избира меѓу “тавата и огнот“! “Ако не сакате да се печете во мојата тава, тогаш можете право во огнот!“ – се вели во записот за состојбата во Европа од пред два века, а чија проекција во Македонија е во тек. И: “Тавата е се` поширока, а огнот е се посилен!“. И, стои така Македонецот, чекајќи го редот... А редот стасува – до врвот!!! Тоа е сликата на демократија во Македонија – демократија на “тавата и огнот“... ТАКА Е! (Концепт, М. Арсениевски)

18. ДУВЛО!?

27 април 2005. TAKA E! – Десетици мудреци, чиј живот патува низ историјата на човечкиот род, запишале и повториле дека злото доаѓа на два начина – или со употреба на сила и/или со измама. Пред петнаесетина години, во 1991-та, злото во Македоl