Тема
Виктор Јеникејев
“Гласот на Русија“, Москва
Кондолиза Рајс ќе војува
против Русија?
САД се мешале, се мешаат
и ќе се мешаат во работите на Русија и нејзините соседи... Сите тие
заплашувања што потекнуваат од вашингтонската администрација, никого
не плашат во Москва.
[19-09-2008] САД се мешале, се мешаат и
ќе се мешаат во работите на Русија и нејзините соседи. Но притоа
сметаат на продолжување на соработката во решавање на клучните проблеми
на современоста. Такви противречни изјави даде државниот секретар
Кондолиза Рајс во германскиот Маршалов фонд во Вашингтон.
Замислете ја реакцијата на Вашингтон кога
раководството на било која друга земја би изјавило дека се мешало, се
меша и ќе се меша во внатрешните работи на САД и нивните соседи. Уверен
сум дека тоа би предизвикало бура на негодувања преку океанот.
Сличен безобразлук, занемарување на
законите на меѓународната соработка, Повелбата на ОН и непочитувањето
спрема другите држави може себе да си дозволи само Америка. Во таа
смисла госпоѓа Рајс ги надмина сите претходни рекорди во поглед
на воинственост и злоба на сметка на Русија, извртување на
фактите и на надворешната и внатрешната политика на Кремељ. Нејзиниот
повик на Европа да се придружи со САД во заедничкиот поход против
непослушната и своеволната Русија, помалку има сличности со фултоновиот
говор на Винстон Черчил, кој го означи почетокот на студената
војна во 40-тите години на минатиот век.
При тоа, навистина, само Кондолиза Рајс
ја отврли можноста за враќање во тие времиња. Но во истиот миг таа
изјави дека отпорот кој Русија го пружи на агресијата на Грузија против
Јужна Осетија и руските миротворци нема да остане без одговор, иако
призна дека Тбилиси прв ги започна борбените дејствија.
Сите тие заплашувања што
потекнуваат од вашингтонската администрација, чии знаменциња,
како што говорат шахистите, конечно ќе паднат на 20 јануари 2008 година,
никого не плашат во Москва. Дописникот на Итар-Тас од Вашингтон, се чини
дека исправно, говорот на Рајс го нарече воинствен по форма, но
беззаб и беспомошен по содржина. Таа не остави впечаток на Кремљ. Европа
одамна покажа нека нема намера да ги расипува односите со Русија поради
безумниот грузиски лидер Саакашвили, кој замалку не запали голем пожар
на Кавказ.
Одмана е познато дека разлутен човек
говори повеќе отколку што може да направи во суштина. Во таа состојба
денес се наоѓа администрацијата на претседателот Буш. А одговор
можат да бидат зборовите што вчера го изрече претседателот Дмитриј
Медведев на церемнонијата на врачувење на акредитивни писма во
Москва, каде присуствуваше и новиот амедикански амбасадор. Тој повика да
не се раситнува насобраниот потенцијал на односите меѓу САД и Русија, да
не се препородуваат стереотипите од претходните години, туку овој
потенцијал да се искористи за додавање на нов квалитет на односите на
двете земји. Ние сме отворени, подвлече претседателот, на конструктивен,
аргументиран дијалог на взаемно корисна, рамноправна основа и
расположени за заедничка работа на зајакнување на глобалната стабилност.
“Гласот на Русија“, Москва,
19.09.2008
____________________________
/Напомена: подвлечениот дел
од текстот (болд) и насловот се од Tema1.net/
tema1.net