“Гласот на Русија“, Москва
Русија:
смена на генерации во големата политика
Новоизбраниот
претседател Димитриј Медведев претставува олицетворение на
новата политичка елита на земјата... Независниот и јак политичар,
кој е автор на актуелниот модел на државата – Владимир Пурин
– станува премиер и истовремено претседател на најголемата партија
во земјата.
Процесите коишто се во тек,
нејвпечатливо ги илистрира примерот со новоизбраниот претседател
Димитриј Медведев, кој во суштина претставува олицетворение на
новата политичка елита на земјата. Во историјата на Русија за прв пат
на власт доаѓа релативно млад човек. Медведев има нешто повеќе
од 40 години. Тој и по потекло, и по образивение, и по погледите на се’
може да се нарече класичен интелектуалец. И меѓу другото, независниот
и јак политичар, кој е автор на актуелниот модел на државата –
Владимир Пурин – станува премиер и истовремено претседател на
најголемата партија во земјата.
Поглед на можната перспектива на
развитокот од политикологот Олга Криштановска:
“Мислам дека сега ќе се формираат два
тима на власт: тимот на Медведев и тимот на Путин. Во
тимот на Димитриј Медведев ќе дојдат, секако, млади, нови луѓе.
Едноставно, макар и од таа причина што новоизбраниот претседател е
човек од четириесетина години. За политичар, тоа е младост, почеток на
политичката кариера. Затоа треба да се очекува подмладување на
политичката елита. Но за тоа, интелектуалците да дојдат во Кремљ,
треба да се создадат такви услови под кои интелектуалците во
конкурентска борба би можеле да победуваат, Заради тоа потребна е
борба против привилегиите, да се отстранат други пречки.
Идеата е во тоа што руската бирократија
треба да постои во услови на природен избор, што може да ги открие
оние кои се најдобри од најдобрите. И за таков избор би било подобро
влијанието на политичарите кои се формирани за време на советската
номенклатура да почне постепено да се намалува. Сепак, тие луѓе не
треба во потполност да исчезнат од политиката. На младите менаџери од
западен тип ќе им користи нивното искуство, нивните знаења и ќе умеат
да лавираат меѓу интересите на различни политички и економски групации.
Се смета дека тандемот Медведев – Путин е создаден токму со
уважување на овие околности“.
Пред земјата стојат многу амбициозни
задачи во социјално-економскиот поредок. Во идеална варијанта,
структурата и содржината на нејзината економија треба од корен да се
изменат и со себе да ја повлечат трансформацијата на руското општество
и менталитетот на неговите граѓани. Значи дека смената на генерации во
високата политика еволуционо созреала.
“Гласот на Русија“, Москва, 27.04.2008.
____________________________________________
/Напомена: подвлечениот
дел од текстот (болд), насловот и поднасловот се од Tema1.net/
tema1.net