Ксенија ТОШИЌ,
“Гласот на Русија“, Москва
Осудена на пропаст
Што е Спогодбата за
стабилизација и придружување меѓу ЕУ и Србија: “Убеден сум дека
ова е чин на вистински патриотизам“, или “Јудин печат на
Спогодбата на Солана“...
Во вторник во Луксембург,
подпретседателот на владата на Србија, Божидар Ќелиќ, во присуство на
министерот за надворешни работи и претседателот на земјата, ја потпиша
Спогодбата за стабилизација и придружување на Европската унија.
Должината на претходната реченица е условена со фактот дека во
конкретниот случај не може да се каже “Србија потпиша“. Најмалку
половина од граѓаните го оценуваат овој чекор во светлина на
европската иднина, како акт на признавање на независноста на Косово.
Од сите реагирања на ова случување
најилустративно делува следното соочување: изјавата на Ќелиќ – “Убеден
сум дека ова е чин на вистински патриотизам“, во таборот на
неговиот непосредн шеф го оценија како “Јудин печат на Спогодбата
на Солана“.
Оценка за патриотизмот на овој чекор
дадоа радикалите, нешто пред потпишувањето: “Ова нема да биде прва
спогодба од таков вид. Една таква е потпишана на 27 март 1941.“.
Самиот премиер Воијслав Коштуница
беше помалку афористичен, но затоа конкретен: “Новата валда на
Србија и новата Скупштина веднаш ќе го поништат нелегитимниот потпис“.
Впрочем, остриот настап на патриотското
крило не ги попречи демократите потпишувањето да го прослават на
улиците на Белград и Ниш. Не ги збуни ни фактот дека спогодбата ќе
стапи на сила дури кога Младиќ ќе го види Хаг. Што рече
портпаролот на холандското министерство за надворешни работи Барт
Ријс: “Потпишуваме ССП и преодна спогодба, но Советот токму донесе
одлука дека двете спогодби ќе бидат автоматски ставени вон сила“.
Дали стварно потпишаниот документ вреди
толку страсти? Сам по себе не, оти во стартот го исклучува Космет
како територија под управа на ОН. Страшен е само моментот на неговото
потпишување.
Тежнеејќи да им помогнат на
демократските сили во Србија, Европејците, лажејќи се и себе, и
Белград, подметнуваат на потпишување спогодба со многу сомнителна
перспектива. Како прво, дури и ако овие избори ги добијат демократите,
никој не гарантира дека ќе успеат да го фатат Младиќ. Како
второ, ако победи патриотскиот блок, веднаш ќе ги поништи сите потписи.
Како трето, без оглед на постизборната состојба, ССП и понатака ќе
предизвикува остра дискусија во општеството, неговата реализација ќе
се блокира во сите инстанци, и ќе биде совршено небитно кој овој пат е
против – Владата или Собранието. На крајот, се плашам, единствен
конкретен резултат од неговото потпишување ќе остане заострувањето на
политичката состојба во самата Србија. Што сакаат да постигнат
европските министри? Граѓанска војна во земјата која ја викаат да
влезе во своите редови?
Најдобра оценка на овој настан даде
министерот за надворешни работи на Русија, изразувајќи мислење
дека склучувањето на спогодбата меѓу ЕУ и Србија требаше да се случи
многу порано: “Јас сум убеден – да не се изгубени години во разговори
за тоа како да се постапи со европерспективите на Србија, денес не би
ги имале оние проблеми кои ги добивме со незаконитото самопрогласување
на независноста на Косово, како и со неговото признавање“.
“Гласот на Русија“, Москва, 30.04.2008.
_________________________________
/Напомена: подвлечениот дел од текстот
(болд) и поднасловот се од Tema1.net/
tema1.net