Тема

 21-04-2008  

 
“Гласот на Русија“, Москва

“Портокалови мрежи:
од Белград до Бишкек“

Еден од најсериозните проблеми на современите меѓународни односи, теоријата и практиката на приграбување на власта во современите држави, постана предмет на проучување на интернационален тим од научници и експерти.

Еден од најсериозните проблеми на современите меѓународни односи, теоријата и практиката на приграбување на власта во современите држави, постана предмет на проучување на интернационален тим од научници и експерти. Тие објавија книга на свои материјали под наслов “Портокалови мрежи: од Белград до Бишкек“. Во изданието се работи за политика чија цел е обезбедување на доминантни позиции на планетата на Западот.

Книгата “Портокалови мрежи: од Белград до Бишкек“ чија промоција е одржана во Москва, е резултат на колектив од автори од Русија, Велика Британија, Србија, САД и Азербејџан, под редакција на политикологот докторот на иsториски науки Наталија Нарочницка. Врз основа на податоци од разни земји, во изданието се анализира феноменот на користење на мрежни технологии во политичките процеси, како и практиката на извоз на револуции на пост-советскиот простор.

Книгата во знатна мера е посветена на активностите на невладините организации во подготовките и изведувањето на “цветни“ револуции покрај границите на Русија на пост-советскиот простор. Според зборовите на заменикот на генералниот директор на Центарот за политички технологии, еден од учесниците на семинарот, Сергеј Михајев, основната вредност на книгата е во неангажираноста на експертите кои учествуваа во работата на неа, што овозможува да се погледа на познатиот проблем од нов агол.

“Книгата, несомнено, е корисна. Оти во неа некокогашните настани се анализираат објективно, без пропаганда, без емоции, без симпатии и антипатии. Од технолошко гледиште, сосема убедливо го докажува режирањето на многу настани кои ги викаме “цветна револуција“, како и нивните неприродни корени. Ми се допадна историската ретроспектива во оваа книга. Во неа се анализира политиката на некои европски земји и САД од почетокот на XX век на планот на обезбедување на своите надворешнополитички инререси со користење на разновидни неформални механизми. Според мое мислење, оваа линија е сосема јасно повлечена до денешни дни и покажува дека демократијата за Запад е несомнена вредност само во примената за самиот Запад. Што се однесува до останатиот свет, демократијата е само механизам за обезбедување на надворешнополитичките интереси на Западот, ништо повеќе.“

Терминот “цветна револуција“ опфаќа настани врзани за промената на раководителите на државите во неколку бивши советски република, вклучувајќи ги Грузија и Украина. Под овој термин се подразбираат масовни митинзи, демонстрации и штрајкови, кои прозападната опозиција ги организира по порази на званични избори. Овде е револуцијата на ружите во Грузија во 2003-тата, кога е развластен легитимниот претседател на републиката Едуард Шеварнадзе и доаѓањето на Виктор Јушченко на власт во Украина, благодарејќи на портокаловата револуција во 2004 година. Збор е во овие и други случаи не за некоја акција на демократски идеалисти, туку за политика со цел за обезбедување на интересите на САД на сите паралели и меридијани и на сите можни начини. А тогаш не е до демократија – заклучуваат авторите на “Портокалови мрежи: oд Белград до Бишкек“.

Извор: “Гласот на Русија“, Москва, 19.04.2008.

____________________________________________________

/Напомена: подвлечениот дел од текстот (болд) е од Tema1.net/

tema1.net