Тема

 08-05-2008  

 

Вјачеслав СОЛОВЈОВ, “Гласот на Русија“, Москва

Смена во Кремљ –
дојде Медведев

На 7 мај 2008 година третиот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, званично стапи на должност. Детали од инаугурацијата изнесува Вјачеслав Соловјов од “Гласот на Русија“, Москва.

Денешната церемонија е петта по ред во новата историја на Русија. Сега тоа веќе е традиција, збир на ритуали, кои ги потврдуваат континуитетот и легитимитетот на предавање на власта. Денешната церемонија започна со простувањето на претходниот шеф на државата, Владимир Путин, со припадниците на Претседателскиот полк. Во тој момент во Андреевската сала на Великиот кремељски дворец се внесени државното и претседателското знаме. Тука веќе беа собрани гостите, вклучувајќи ги и претставниците на сите гранки на РФ.

Според традицијата, инаугурацијата на претседателот започна точно на пладне. Свечената поворка на чело со идниот шеф на државата влезе во Кремљ низ главната Спаска капија. Потоа, Дмитриј Медведев помина низ анфиладата на салата на Великиот кремељски дворец со звуците на свечениот марш. Претходниот шеф на државата, Владимир Путин, му ги даде следните упатства:

“Стапувањето на новоизбраниот претседател на должност – тоа е многу одговорна етапа на демократската легализација на власта. – нагласи Путин – Етапа која треба да постане консолидирачка за сите региони на земјата, и за сите општо-национални политички сили, и за граѓанското општество. Сега крајно е важно сите заедно да го продолжиме веќе земениот и оправдан курс на развиток на земјата, раководејќи се притоа од интересите на нејзините граѓани“.

Владимир Пурин изрази уверување дека државата само на овој начин може да биде социјална и стварно напредна, да оствари иновационен пробив и да ја зајакне својата положба во светот.

Потоа, избраниот претседател ја стави десната рака на Уставот и положи заклетва на рускиот народ.

Се колнам дека при остварувањето на овластувањата на претседател на РФ ќе ги уважувам и чувам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, дека ќе ги бранам суверенитетот и независноста, безбедноста и интегритетот на државата, дека верно ќе му служам на народот“.

Претседателот на Уставниот суд, Валериј Зоркин, објави дека, во согласност со Уставот, Дмитриј Медведев стапи на должноста претседател на РФ. Владимир Путин го предаде претседателскиот знак на Дмитриј Медведев. Над резиденцијата на шефот на државата е подигната неговата застава, па потоа е интонирана химната на РФ.

Дмитриј Медведев во инаугуративниот говор ги најави приотритетите на своите активности.

Положив претседателска заклетва на народот на Русија и во нејзините први редови е обврската за уважување и чување на правата и слободите на човекот. Токму тие се прогласени за најголена вредност во нашето општество и токму тие ги одредуваат смислата и содржината на целокупната државничка активност. – нагласи претседателот на РФ – За своја најважна задача ги сметам натамошниот развиток на граѓанските и економските слободи, создавање нови, најшироки можности за афирмација на граѓаните – слободни и одговорни, како за својот личен успех, така и за просперитетот на целата земја“.

По инаугурацијата, претседателот и врховен командант на Оружените сили на Русија, Дмитриј Медведев, и неговиот претходник Владимир Путин, на Соборниот плоштад на Кремљ одржаа смотра на Претседателскиот полк.

“Гласот на Русија“, Москва, 07.05.2008.

____________________________ 

/Напомена: подвлечениот дел од текстот (болд), насловот и поднасловот се од Tema1.net/

tema1.net